18 Декември, 2025
0.0565

Едвај 5 илјади работни места за 240 илјади невработени во Македонија

Објавено во: Економија 03 Јуни, 2013 20:29

Добивај вести на Viber

Во првиот квартал од 2013-та годинава во земјава имало 4.692 слободни работни места. Притоа најмногу работници се барале во преработувачката индустрија, трговијата на големо и мало и во градежништвото. Од наведените слободни работни места, најголемиот број или 1627 биле во Скопје. Најмалку слободни работни места 192 имало во Североисточна Македонија, покажуваат податоците на Државниот авод за статистика. Притоа во преработувачката индустрија имало 1.342 слободни работни места, во трговијата на мало и големо 663 и во градежништвото 620 работни места. Најголем дел од слободните работни места 1,29 проценти се во компании кои имаат од 10 до 49 вработени, а во компании од 50 до 249 вработени имало 1,27 отсто од слободните работни места. Најмногу работни места 973 имало за услужната дејност и продажба, потоа елементарните занимања 934 и занимања за неиндустриски начин на работа во производството. Според податоците на Државната агенција за вработување, со последната пререгистрација на невработените во Македонија има 240 илјади невработени. Табела: Слободни работни места по занимања Извор: Државниот завод за статистика

Можеби ќе ве интересира

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји