ЕФИКАСНОСТ И ЕСТЕТИКА: Зошто новата зграда на Прокредит е пример за иднината на градбите?
Објавено во: Економија 15 Мај, 2016 08:57
Зградата е со минимална емисија на ЦО2 и голем придонес за чиста животна средина: зградата располага со 100 фотоволтаици кои произведуваат електрична енергија за сопствени потреби, има сопствени електрични станици за полнење на електричните возила, има зелени градини на терасите.
Според останатите показатели за начинот на изградба на зградата на Прокредит, таа се издвојува од обичната градба преку ефикасната изолација, штедливото осветлување, тројслојно термоизолационо стакло и геотерминалните пумпи за греење и ладење.
Се на се во Карпош, Скопјани можат да видат една поинаква градба која на многу начини ќе влијае во подобрувањето на животната средина во Македонија, а ќе значи заштеди за самиот инвеститор.
Инаку, завчера на отворањето на зградата присуствуваа над 1000 гости од цела Македонија.
Јованка Јолеска Поповска, Генерален Директор на ПроКредит Банка им посака успех и добра соработка на клиентите и на вработените во модерна и соверемена централна управа.
Таа ги посочи сите предности кои македонските граѓани и бизнисмени имаат можност да ги користат: врвен кадар на професионалци кои работат со најпродуктивниот сегмент од македонските претприемачи, широка мрежа на банки во регионот за брзи и најповолни трансфери, банка со најсовремена технологија за услуга 24/7, први на пазарот со банкомати за уплата и исплата на ЕУР и МКД готовина во секое време, дури и од штедна сметка.
На настанот присуствуваа акционерите од ПроКредит Холдинг од Германија, претставници од дипломатскиот кор: Амбасадорот на САД Г-дин Бејли и Амбасадорката на Р. Германија Др. Кристине Алтхаузер, менаџментот и вработените на ПроКредит Банките од Романија, Украина, Грузија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Бугарија, Албанија и Грција, клиенти, соработници и пријатели на банката.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




