14 Декември, 2025
0.0417

ЕК со „алтернативен буџет“ во случај на британско вето

Објавено во: Свет 19 Ноември, 2012 19:09

Добивај вести на Viber

“Алтернативен буџет” подготвува Европската комисија за ЕУ до 2020 година,за да се одбегне блокадата што би можела да настане ,ако британската влада истрае на заканата од вето на заедничкиот европски буџет. Планираното зголемување на буџетот на ЕУ за периодот меѓу 2014 и 2020 година ,од околу седум отсто е не неприфатливо за владата на Британија,поради што премиерот Дејвид Камерон ги предупреди европските лидери дека Велика Британија ке стави вето, доколку не се почитуваат британските барања. Камерон кој в четврток и петок ќе биде во Брисел,на самитот посветен на заедничкиот буџет, бара замрзнување на заедничкиот буџет на сегашно ниво, што ќе значи дека Британците не ќе мора во следните седум години,да издвојат дополнителни десет милијарди евра. Тој уште бара замрзнување и на буџетот за идната година,како и намалување на платите на околу четири илјади функционери на ЕК во Брисел, што сега годишно изнесуваат 100 илјади евра. Лондонските медиуми тврдат дека експертите во Брисел ги испитуваат правните и техничките можности за “алтернативен буџет”,во случај на британското вето, што наместо на долг рок,би се усвојувал,секоја година,за годината што следи и за кој не е потребен консензус,туку само квалификувано мнозинство. Британските евроскпетици од партијата на независноста (УКИП) го оценија ваквиот план “шлаканица за Британците” и целосно изолирање на Велика Британија од ЕУ.Претставник на партијата изјави дека во ваква ситуација Камерон има две можности,или да го сврти и другиот образ,или да ја повлече земјата од ЕУ. Евроскпетиците инсистираат дека во вакви услови нема веке никаква смисла од натамошното останување на Велика Британија во Унијата,тврдејки дека ЕУ ке загуби повеке без британското членство,затоа што земјата е вториот најголем вложувач во заедничката европска каса. Лидерот на опозиционите лабуристи Ед Милибанд ја осуди сегашната политика на Камерон и на неговата влада кон ЕУ,како “месечарење” кое се заканува да ја изолира и да ја остави без сила земјата во Европа,но и тој смета дека ЕУ ке мора да изврши низа “неопходни реформи”.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск