14 Мај, 2024
0.3031

ЕКОНОМИЈА ВО 2018: Најпрво точна дијагноза, па потоа решенија !

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

“Како главен настан кој ни стоеше како “коска во грлото” беше завршувањето на политичката криза, која што повлече сериозни промени. Проектираниот раст и поголемиот оптимизам за новата 2018 (па и во 2019 год.) е блиску поврзан со повеќе фактори, оптимистичките проценки за растот на европската економија (и останатите трговски партнери и странски инвеститори), цените на металите и енергенсите  и другите фактори од окружувањето“ – вели во интервју за “Фактор“, универзитетскиот професор Борче Треновски.  Смета дека во новата 2018 година најпрво треба точно да се детектираат клчните прблеми и приоритети, а потоа да се пристапи кон решенија.

Политичката неизвесност ги помати “сметките’ во 2017 ...

Фактор: Измина година во која економијата едвај се бореше со неизвесноста од политичката криза. Бројките покажуваат дека се урна оптимизмот за позначаен раст на БДП. Како ја оценувате економската 2017 ?

Треновски: Затворањето на изборниот циклус, кој на определен начин го означи крајот на политичката криза и  еуфоричниот полет за реформите на новата Влада  имаше во еден дел, значаен придонес кон оптимистичките проценки за растот на економијата во тековната година. Од друга страна имајќи предвид дека растот во македонската економија е блиску поврзан и зависен од растот и економските движење во земјите наши најголеми трговски партнери и странски инвеститори, логично беше и тоа што позитивните очекувања во Еврозоната наметнаа позитивни очекувања за економски раст и во македонската економија.

Фактор: Конкретно, во кое сегменти се лоцираат последиците од политичката неизвесност. На пример, податоците за Бруто инвестициите и странските директни инвестции не се задоволителни. Дури е регистриран и одлив на СДИ.

Треновски: Специфичните предизвици со кои се соочуваше македонската економија, пред се политичката криза претставува варијабла која значајно придонесе за поголемо нарушување и поматување на конкретното сценарио  кое со голема точност настојува да ги предвиди конкретните состојби во годината која изминува. Нарушената доверба кај домашните и странските инвеститори; воздржаноста на домашните бизниси; очекувањата кај приватниот сектор и институционалната дисциплина; ефикасноста, структуратаи интензитетот на јавните мерките, односно, инвестиции кои се превземааво услови на политичка криза - се некои од многу области на кои политичката криза континуирано имаше влијание и кои тешко се опоравуваат во годината што помина, а исто така истите тенденции ќе имаат скромни ефекти и во следната година.

Фактор: На економски план, што може да се издвои како позитивен настан или тренд?

Треновски:Имајќи превид дека аналитичкиот осврт на тековната (една година)  има свои ограничувања кога се зборува за трендови (било позитивни или негативни) ние секако ќе се обидеме да упатиме на определени настани, активности и мерки кои имаа определено позитивно влијани врз социо-економското окружување во државата. Како главен настан кој ни стоеше како “коска во грлото” беше завршувањето на политичката криза, која што повлече сериозни промени, поттикна размислување и дебати за определени промени, односно реформи, со што влијаеше на промена на трендовите во определени области. Се разбира за најголем  дел од ефектите од промената на трендовите во креирањето политики е прерано де се дискутира во овој момент, имајќи ја предвид кратката временска дистанцата и турбулентното менување на политичката елита. Меѓутоа сепак може да се детектираат некои промени, манифестирана политичка волја и  превземни определени чекори за реформи: активности за зголемување транспарентноста и отчетноста, беа најавени анализи на ефикасноста на реализираните проекти и спроведените реформи (инфраструктурните проекти, субвенционирањето во земјоделството и други сектори, образовните реформи итн.), почна да се дискутира за фискална консолидација и одржливоста на јавниот долг, ефикасноста на социјалните програми, заложби за намалување на нееднаквоста во општеството, беше потврдена улогата и важноста на странските директни инвестиции, се направија чекори за зголемување на ефикасноста на јавните институции и начините на кој ги трошат јавните ресурси, во определен дел беше манифестирано заложби за зголемување на демократските капацитети и инклузија, владеењето на правото и намалување на корупцијата беа потврдени како приоритети, се засилија заложбите за интеграција во меѓународните организации  итн. Се разбира во овој дел зборуваме за позитивни трендови, заложби и напори, повеќе информации и податоци за реалните ефекти од имплементација  и потврда дали дел од истите ќе останат само како заложби  ќе можеме да дадеме следната Нова година.

Фактор: Што пак сметате дека во негативен контекст  ја одбележа 2017 година?

Треновски: Неповолните настани сметам дека  можеме и траба да ги поврземе со две прашањата. Кои беа причините за скромниот раст на економската активност и  кои беа факторите кои речиси да ги стопираа инвестициите во македонската економија (како домашните така и странските). Генерално одговорите лежат во широките  ефекти  поврзани со политичката криза кои веќе беа спомнати, делумно поради турбулентното надворешно окружување (цените на енергенсите, металите), понатаму политичките калкулации и неизвесност кои ги внесоа локалните избори на сцена, како и во еден дел пригушената неизвесност која произлегуваше од  исчекувањето за третманот/одговорот на новата влада на предизвиците  и најавените реформи за чии што ефекти се уште срамежливо се дебатира. 

Очекувања и приоритети во економската 2018 година ...

Фактор: Во 2018 година ќе се троши најголемиот Буџет од 3,44 милијарди евра, но во исто време е зацртано и намалување на буџетскиот дефицит. Растот е проектиран на 3,2%. Колку од сето ова е остварливо, кои ќе бидат клучните предизвици во новата 2018 ?

Треновски: Проектираниот раст и поголемиот оптимизам за новата 2018 (па и во 2019 год.) е блиску поврзан со повеќе фактори, оптимистичките проценки за растот на европската економија (и останатите трговски партнери и странски инвеститори), цените на металите и енергенсите  и другите фактори од опкружувањето; елиминирање на негативните ефекти од долготрајната политичка криза; оптимистичките погледи на бизнис секторот за периодот кој доаѓа (што го потврди Извештајот на Европската комисија),  позитивните очекувања кај економските субјекти за ефектите од политиките на новата Влада. Меѓутоа она што е поважно турбулентното економско и политичко  опкружување во претходниот период нужно укажа на потребата од детектирање, дефинирање и нудење конкретни решенија за справување со клучните економски предизвици во Македонија. Ова е од исклучително значење доколку сакаме да создадеме солидна основа за сигнификантен одржлив економски раст и развој во иднина. Ова е сериозна и исклучително сложена задача имајќи предвид дека самото детектирање и понатаму, признавање од страна на креаторите на политиките на предизвиците со кои се соочуваат е половина од решението и преставува добра почетна основа врз која понатаму може да се дискутираат, анализираат и имплементираат конкретните политики. Прва дилема преставува како да бидат селектирани клучните предизвици, втора дилема преставува кои субјекти ќе треба да пристапат кон решавање(нудење решенија) на секој од предузвиците, трета дилема преставува временската рамка и план според која треба да се подредат предизвиците и да се пристапи кон нивно третирање и на крај од особена важност се мерките и ефикасноста во нивната имплементација со која ќе се пристапи кон решавање на истите.

Фактор: Од каде да се почне со промените ?

Треновски: Имајќи предвид дека нашиот простор за елаборирање е ограничен во продолжение само ќе посочиме на клучните (одбрани) економски области и предизвици кои бараат посебно внимание и за кои сакаме да поставиме јавен мегдан за соочување на ставовите наспроти фактите. Повеќе од јасно е дека главните старо/нови точки во кои се потребни конкретни планови за економски реформи сумирано остануваат: нивото на јавен долг, фискалната одржливост и потребната фискална консолидација, ефикасност на јавниот финансиски менаџмент,ефикасноста на јавните институции, транспарентноста, отчетноста во трошењето на јавните ресурси, ефикасноста на даночниот систем и потребата од реформа,специфичната структура на буџетот во однос на тековните расходи и трансферите, ефикасноста на политиките за намалување на се уште високата стапка на невработеност и борбата со сиромаштијата, степенот на сивата економија, одржлива реформа на пензискиот систем и системот на социјална заштита и друго.

Фактор: Постојано зборуваме за реформи, носиме закони, ги прилагодуваме законските решенија кон европските стандарди. Но како сето тоа да даде краен позитивен ефект за вкупната економија?

Треновски: Како да пристапиме кон поправка и подобрување на постојната ситуација – нови реформи, закони, преструктуирања, промени. Во оваа насока останува клучниот фактор/прашање - каква промена,активност треба  да се превземе  чиишто резултати ќе ги покажат конкретните правци во кои треба да се движиме. Во оваа насока потребата од домашна сеопфатна анализа на ефикасноста на реформите во претходно спомнатите подрачја, јасно утврдување  на ефектите, влијанијата и ризиците од секоја реформа и законска определба е повеќе од неопходна како за периодот кој измина, така уште повеќе за најавените реформи во периодот кој допрва доаѓа (на вакви анализи се уште чекаме). Дискусијата во контекст на потребните промени често застанува во точката – ние преземеме чекори и донесуваме закони и активности – меѓутоа недостасува другата уште поважна страна во приказната -  што постигнуваме  со реформите и промените, каде се наоѓаме сега/каде ќе се наоѓаме за 5/10 години, зошто не функционира нашиот закон/реформа, кој е одговорен за неефикасноста, каде потфрливме,  што понатаму  не води до клучниот одговор  - што треба да смениме за да ја подобриме нашата ситуација (што често е поврзано со барем досега отсутната само-критичност на политичките елити).

А.Д.

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри