19 Декември, 2025
0.0773

Економијата контра политиката, цвета трговијата со Бугарија! Колкав е македонскиот извоз и колку потрошивме за увоз на стоки од Бугарија?

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2025 13:19

Добивај вести на Viber

Трговската размена со Бугарија никогаш не била подобра. Во услови на крајно заладени политички односи диктирани од историски недоразбирања, економијата е одлична појдовна точка за политичарите од двете земји да ги приближат ставовите. Нашиот извоз во Бугарија во периодот јануари – ноември пораснал 55 милиони евра и тоа е најголем раст во конкуренција на сите билатерални трговски размени со нашите трговски партнери. Паралелно и увозот од Бугарија во истиот период има најголем раст на вредноста во споредба со сите трговски партнери со кои Македонија има билатерална размена на стоки

Цвета македонско-бугарската трговија, покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика. За првите 11 месеци во 2024 година Македонија бележи најголем раст ва вредноста на извозот токму со нашиот источен сосед Бугарија. И тоа во конкуренција на повеќе од 40 држави со кои имаме поинтензивна трговска размена.

Една наша народна поговорка вели: на доброто со добро се враќа, па така увозот од Бугарија е на пиедесталот според растот во однос на истиот период во 2023 година.

Агрегираните податоци покажуваат дека Бугарија е нашиот шести најголем трговски партнер. При тоа нашиот извоз во Бугарија во периодот јануари – ноември 2024 година изнесува 394,7 милиони евра. Во споредба со истиот период во 2023 година нашиот извоз во Бугарија е зголемен за 54,8 милиони евра. Што се однесува до структурата на извозот во најзначајна компонента се рудните концентрати кои од македонските рудници завршуваат во бугарските топилници. Во нашиот извоз во Бугарија значајно место завземаат и стоки за широка потрошувачка.

Од друга страна Македонија од Бугарија увезла стоки во вредност од 532 милиони евра за првите 11 месеци во 2024 година. Тоа е за 92,7 милиони евра повеќе од вредноста на бугарскиот увоз во истиот период во 2023 година. Воедно, тука е вредно да се напомене дека споредбната на податоците за 20 најголеми трговски партнери на Македонија покажува дека најголем раст на увозот, во апсолутен износ, за овој временски период има од Бугарија.

Традиционално најмногу од Бугарија увезуваме електрична енергија, а значајна ставка во увозот се и фосилните горива кои голема македонска компанија за трговија на мало со нафтени деривати ги увезува од Бугарија. 

Што се однесува до клучните параметри од извештајот на ДЗС вкупниот македонски извоз за периодот јануари – ноември изнесува 7,22 милијарди евра, а увозот е за 2,9 милијарди евра поголем од извозот. Најголем трговски партнер е Германија каде сме извезле стоки вредни 2,9 милијарди евра и тоа е 40 отсто од целиот наш извоз. За жал во 2024 година нашиот извоз во Германија е помал за 473 милиони евра во споредба со 2023 година.

Најголем трговски дефицит имаме со Кина и тој изнесува неверојатни 938 милиони евра и во период од една година пораснал за 60 милиони евра.

Сите детали за трговската размена кои ги продуцира ДЗС се достапни на следниот линк https://www.stat.gov.mk/pdf/2025/7.1.25.01_mk.pdf

Н.С.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии