23 Ноември, 2024
0.0331

ЕКОНОМИЈАТА НИКОГАШ НЕ Е ЗДОДЕВНА ВО ФАКТОР - 10 години ексклузивни и проверени бизнис вести, 10 ГОДИНИ ДОВЕРБА

Објавено во: Економија 26 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Некои велат дека економијата е здодевна и неразбирлива наука, тешка да се научи, а уште повеќе да се разбере. А слични епитети можеби добивале и економските вести и теми во медиумите. Тие обично важеле за некако застрашувачки и не толку достапни четива за широката публика, па често бивале и прескокнувани за сметка на попримамливи и полесни писанија.

НО, НЕ И ВО ФАКТОР.

Фактор, почитувани читатели, веќе десет години наназад, како медиум со главно економски предзнак и лајт мотив, успеа да ја направи економијата и економските текстови интересни, корисни и разбирливи за секого. 

Доволен доказ за тоа е се поголемиот број ваши реакции, коментари, вашата доверба која секојдневно се повеќе ни ја давате. Многу често не фалите, не ретко и самите ни откривате информации, а некогаш, за волја на вистината, знаете и добро да не искритикувате и искарате. Но, нас ни се подеднакво драги и пофалбите и забелешките.

Бидејќи, ние сме тука за вас, да ве информираме чесно, објективно, одговорно и вистинито. Некогаш да ви помогнеме подобро да ги разберете фактите и голите економски бројки, берзанските индикатори, статистичките графикони и табели..., некогаш да откриеме некоја пикантна бизнис информација, која можеби ќе ви помогне во вашите деловни размислувања, а некогаш и добро да „подбереме“ одредена компанија, институција, а често и самата Влада, кога не сосема исправно или легално си ја вршат работата, па да им ги отвориме очите и на јавноста, и на органите кои треба да се позанимаваат со таквиот тип на дејствување. 

И, што е многу битно, со нашите информации и теми сме успевале и тоа како да отвориме серозни и здрави дебати по одредено важно економско прашање, па често и сме помагале да се спречат потенцијални лоши економски политики, или, пак, сме биле гласот на разумот за тие да се подобрат.

Фактор беше основан пред точно десет години, на почетокот на октомври во 2012 година, освојувајќи го тогаш речиси празниот простор на медиуми буквално специјализирани за економски вести и текстови, но едновремено достапни за граѓанството. Буквално од првиот ден Фактор стана, она што е убедливо најважно во новинарството - релевантен медиум. За нас некои некогаш посакале да говорат не сосема поволно, но никогаш не можеле да ни го оспорат најважното, а тоа е токму релевантноста и вистинитоста. Или со прости зборови – „веста ја прочитав во Фактор, не може да не е така“. Дури и кога сакале да не негираат од разно разни причини, ние, верувајќи во нашите извори и во нашата правилна економска проценка, сме опстојувале на нашите текстови.

За нас во речиси секое време биле подготвени изјави и интервјуа да дадат врвни бизнисмени, банкари, деловни луѓе, но и политичари, министри, премиери..., не само од земјава, туку и од странство. Реномирани експерти постојано објавуваат колумни за нашиот портал. Но, секогаш сме биле тука за да го слушнеме и обичниот човек, неговите маки и проблеми и неговата приказна да ја споделиме во јавноста, а така и да му помогнеме да се избори со неправдите со кои се соочил во овој не секогаш добар свет.

Токму затоа, почитувани наши читатели, овие денови сакаме заедно со вас да ја споделиме радоста и гордоста за нашиот десетгодишен јубилеј. Не е малку за еден медиум да опстои, и не само тоа, туку и постојано да се надградува, развива и да оди напред во едни вакви турбулентни економски и политички времиња.

Ние никогаш не застанавме и не останавме на исто ниво, секогаш учејќи и дознавајќи нови работи и секогаш давајќи и на публиката се повеќе и повеќе ексклузивни, точни, проверени, релевантни, но во исто време и пикантни економски содржини. Зборот „досадно е“, никогаш не важел за темите во Фактор, а доказ за тоа се се поголемиот број посети и следбеници на нашиот портал.

Но, не се држевме слепо само за економијата. Уште од самиот старт обработуваме и сериозни политички теми. Ниту еден важен политички настан во годините наназад не остана незабележан и необработен соодветно и прецизно од новинарите на Фактор. Истото важи и за сите други сериозни предизвици со кои се соочи нашето општество. На пример, здравствената светска и домашна криза, но и сегашната војна која беснее во Украина, добиваат значаен дел во нашите содржини. Секогаш навремени, реални и вистинити информации подготвувавме и обезбедувавме за нашата публика.

Да се вратиме малку наназад пред 10 години кога се основаше нашиот медиум, кој подоцна низ годините прерасна во сериозна медиумска групација, збогатувајќи се и со малку поинакви, но целосно успешни портали – Женски магазин, Машки магазин и Хаштаг. Бројките можеби ќе ни помогнат да разбереме каде бевме пред 10 години, а каде сме сега. 

Во сега далечната 2012 година бруто домашниот производ на земјава тежел 7,5 милијарди евра, според официјалните статистички податоци. Сега тој достигна 10,7 милијарди евра. Можеби појасно ќе ни биде доколку се потсетиме колку богати лично бевме тогаш, а колку сме сега. БДП по жител, имено, пред 10 години изнесуваше 4.400 долари, сега тој е на ниво од нецели 5.300 долари. Не сосема за пофалба, нели!

Можеби многу повеќе од нашето богатство се зголемил државниот буџет, а тоа се парите што државата ги зема од сите нас и потоа ги прераспределува за да се задоволат потребите на опшетството. Во 2012 година еден годишен буџет тежел 2,6 милијарди евра, за сега тој да биде зголемен двојно, искачувајќи се на рекордни 4,4 милијарди евра оваа година. Фрапантно се зголемил и јавниот долг на земјава. Пред десет години изнесувал 2,9 милијарди евра или зафаќал 38 отсто од БДП, за сега да се искачи на дури 7,3 милијарди евра и зафаќајќи дури 55,4 отсто од бруто домашниот производ.

И, клучниот проблем со кој сега се соочува светот и земјава, а тоа се високата инфлација и се поскапиот живот. Пред 10 години земјава имала стапка на инфлација од само 3,3 проценти, за годинва да се искачи на 16,8 отсто во август, или имаме просечна годишна стапка од 11,6 отсто.

Замоливме неколку од поранешните министри за финансии да искоментираат каков е нивниот впечаток за Фактор.

Петар Гошев, еден од основачите на државноста во земјава, поранеше прв финансиер, но и гувернер на Народната банка, вели:

„Во дисфункционална држава, во која правни ентитети од бизнис сферата, журналистиката или било која друга, никнуваат од „никаде'' веднаш по примопредавањето на власта на новодојдените, додека, истовремено, други исчезнуваат како воопшто и да не  постоеле, и јубилеј од една декада е големо достигнување. Тоа е првата причина поради која Фактор ги заслужува сите честитки. 

Втората причина за искрени честитки е што Фактор е еден, ако не и прв, од електронските медуми кој посеопфатно и посериозно и се посвети на областа на економијата, нудејќи им секојдневно на читателите, со интерес од оваа област, важни вести, информации и анализи за текот на економските движења во земјата и надвор од неа, за успесите и неуспесите на одделни компании и одделни економски сектори, но исто така регистрирајќи и информирајќи за разни нефер бизнис-практики, за промисленоста и непромисленоста на владините економски политики и мерки.  Како одминуваше времето, можеше јасно да се забележи напредокот, како во квантитетот, така и во квалитетот на информациите и анализите од наведената област. Таквиот прогрес во работата на Фактор „успеа'' лека-полека да им создаде чувство на празнина (на пропуштена можност) на желните за информации од областа на економијата  доколку, макар само еден ден, пропуштиле да видат што тој ден овој медиум им понудил ним, а тие, ете, од некои причини не успеале да „кликнат'' на неговата страница, и од прва рака ги дознаат најновите информации и настани од економската сфера.

Бидејќи во Македонија, генерално, особено по распадот на Југославија, живееме со перманентен дефицит од доволно  квалитетни  дневни, неделни и месечни печатени весници и списанија, каде што редовно и на завидно ниво се третираат, анализираат прашањата од областа на економијата, а со бумот што настана во областа на електронските комуникации и со слични такви современи платформи, појавата и напредокот на Фактор со сигурност може да се каже дека пополни дел од таквиот дефицит. Од тие причини, продолжувањето на напредокот на Фактор во испорачувањето на неговите дневни дози на вести, информации и анализи од областа на економијата ќе биде од голема полза за сите пазарни учесници и секој што има, од било која причина интерес да биде во тек со економските настани дома и пошироко во светот. Па, во таа насока, на целата екипа која секојдневно го создава и пресоздава Фактор им го честитам јубилејот, со желба во недоглед да ја продолжат досегашната мисија, се разбира со континуирано натамошно подобрување  на содржините што ни ги нуди,  демонстрирајќи се повисок професионализам, објективност и непристрасост кои, за жал, станаа се поретка понуда во времево кое го живееме“, вели Гошев.

Убави зборови за нашата редакција искажа и поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски.

„Им го честитам десетгодишниот јубилеј на Фактор, и посакувам да се остварат уште многу повеќе години на успешно работење. Во Македонија навистина се потребни медиуми кои се фокусирани на економијата и економските предизвици. Фактор даде навистина значаен придонес во економската дебата и размислување во последниве 10 години, а мислам дека во иднина, дебатата за економските теми ќе биде уште позначајна, бидејќи живееме во време на повеќе надворешни шокови. И да, вреди да се присетам дека моите први колумни како асистент на Економскиот факултет – беа токму во Фактор“, се потсетува Тевдовски.

Токму ваквите искрени честитки почитувани читатели, ни се и повеќе од доволен мотив да продолжиме понатаму, уште поподготвени, повредни и побудни. Ние и досега не бевме само класични хроничари на македонската економија, туку и нејзин глас на разумот, коректор и буквално „преведувач“.

Не само ние, туку и многумина колеги кои сега веќе не се дел од нашиот тим, ги поставија основите на сегашниот здрав и неприкосновен економски медиум Фактор, но и многу колумнисти, експерти, советници.  Секако, се би било многу потешко без нашите деловни партнери, кои секогаш умееја да ја препознаат важноста и силината на Фактор. На сите од срце им се заблагодаруваме за одличната соработка и додадена вредност на нашиот медиум кои ги дадоа низ годините. И ви се заблагодаруваме Вас, почитувани читатели, што бевте секогаш тука за нас, читајќи не, споделувајќи не, пофалувајќи не за доброто, и корегирајќи не за пропустите….

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ДЕСЕТГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ, СРЕЌНА ДЕСЕТГОДИШНИНА ФАКТОР.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација