Економијата-прва жртва на немирите во Белфаст!
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2013 19:01
По неодамнешните немири во главниот град на Северна Ирска Белфаст, најголем цех плаќа економијата на тој град. Компаниите се плашат дека моменталната нестабилност може да го спречи туристичкиот процут и да ги избрка странските инвеститори од градот кој со сите сили се труди да ја прекине лошата слика на насилства која го следи, анализира Ал Џезеира.
Изминатите недели во Белфаст се случија повеќе судири поради одлуката на градските власти да го ограничат бројот на деновите за веење на британското знаме над градското собрание. Здружението на британската индустрија проценува дека последните немири економијата на Белфаст ќе ја чинат околу 24 милиони долари. Во периодот од 2007 д0 2011 година бројот на туристите се зголеми четири пати. Отворени се 12.000 нови работни места, благодарение на странски инвестиции, а стапката на невработеност е под просекот на Европската унија. Проценките се дека 2013 година може да биде рекордна во многу сектори. Поради тоа, министерката за трговија и инвестиции лично се вклучи во решавање на проблемите на приватниците кои работат во области кои се погодени од немирите, пренесува Ал Џезеира.. „Сликите од немирите кои го обиколија светот не кочат во глобалната трка за странски инвестиции. Загрозени се работните места и егзистенцијата на многу граѓани. Затоа е клучно протестите и насилствата да се запрат веднаш!“истакна Тереза Вилиерс, секретарка на Северна Ирска.Можеби ќе ве интересира
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?




