Економист: Македонија 73-та според индексот на демократија
Објавено во: Економија 18 Април, 2013 18:49
Според Индексот на демократија за 2012 година на лондонски „Економист“ Македонија се најде на 73 место од 165 земји. Од регионот погоре се рангирани Србија на 66, Бугарија на 54, Хрватска на 50, Грција на 33, Словенија на 28. Додека зад нас се најдоа Црна Гора на 76, Албанија на 90 и Босна и Херцеговина на 98 место.
Највисоко рангирани се скандинавските земји. Прва на листата е Норвешка, потоа се Шведска, Исланд, Данска, Нов Зеланд, Австралија, Швајцарија, Канада, Финска и Холандија.
Најнедемократска држава, пак е Северна Кореја, а друштво и прават Гвинеја-Бисау, Чад, Сирија, Саудиска Арабија, Туркменистан, Узбекистан.
Индексот ја мери состојбата со демократијата во 165 земји, врз основа на пет категории и тоа изборен процес и плурализам, граѓански слободи, функционирање на власта, политичка партиципација и политичка култура.
Извештајот годинава е насловен „Демократијата во застој“, и во него се наведува дека голем број од западните земји се борат да ги задржат своите долгогодишни демократски системи поради политичките пресметки, како и жртвувањето на националните слободи во име на националната безбедност.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




