19 Декември, 2025
0.1219

Економист: Со лошото управување САД се исти како Европа

Објавено во: Свет 07 Јануари, 2013 20:09

Добивај вести на Viber

Спасот во последен момент од падот во фискалната бездна, покажа дека американските лидери се однесуваат идентично со своите европски колеги, пишува британскиот весник „The Economist“ кој посочува дека Вашингтон се повеќе наликува на Европската унија според начинот на справување со финансиската криза. „Во изминатите три години американските лидери со едвај прикриен презир гледаа на европското справување со кризата во еврозоната (...) чудејќи се на комплетната  неспособност во справувањето со економските тешкотии", но неодамнешниот неуспех на американските лидери да постигнат договор покажува дека Вашингтон веќе го презел истиот модел. Каде се сличностите меѓу САД и ЕУ? Првата сличност со Европа е неможноста да се донесе одлука која ќе биде чекор напред од договор склопен набрзина и во последен момент. Договорот на републиканците и демократите ноќта на 1-ви јануари со цел да се избегне автоматско намалување на трошоците и зголемување на даноците за сите грашани, личи на кризниот  самит на ЕУ која во последен момент избегна катастрофа. Договорот во САД во очи на Нова година, ги само ја одложи одлуката на политичарите за даноците за 2 месеци, пишува весникот. Втората сличност е причината за отсуство на темелен договор се тесно партиските интереси, која а уште една "несреќна споредба" со Европа. „Неспособноста на Европејците да се издигнат над ситните национални интереси (...) го спречи донесувањето на потребните компромиси за да се обезбеди иднината на единствената валута", пишува весникот. Додава дека слично на ова, екстремистите меѓу демократите и републиканците од САД биле повеќе фокусирани на тоа како да се извлечат отстапки од другата страна, отколку како да се организира фискалната иднината на земјата. Трета сличност со Европа е тоа што политичарите не успеале да бидат искрени со гласачите. Исто како што германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд избегнаа јасно да кажат на Германците и Французите, што се ќе треба да направат за да се спаси европската валута, ниту Обама, ниту републикански лидери не им кажаа на Американците што навистина е потребно за да се реши фискалниот неред. Последиците од таквото однесување се далекусежни, пишува Економист и прашува: ". Зошто треба земјите во развој да веруваат во американското лидерство во светот, кога се чини дека тоа не е во можност ништо да реши во сопствениот дом?“

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела