Економистите се поделени за политиката на ФЕД
Објавено во: Економија 07 Март, 2016 15:43
Мнозинството економисти во САД очекуваат Федералните резерви на САД да ја зголемaт каматата оваа година, информира AFP.
Студијата на Националната асоцијација на бизнис економистите востановилo дека 75 проценти од испитаниците очекуваат Федералната комисија за отворениот пазар (FOMC) кон ФЕД да ја зголеми каматата над сегашното ниво до крајот на 2016 година. Податоците се речиси идентични со резултатите од таква анкета, направена во август.
Околу 39 проценти очекуваат две зголемувања на основната камата оваа година, а 17 проценти прогнозираат три или повеќе унапредувања.
ФЕД ја крена главната камата, која беше на рекордно ниско ниво, во декември и даде сигнал за евентуално уште четири унапредувања во 2016 година.
Немирните финансиски пазари и знаците за светска слабост фрлија сомнеж врз изгледите за нови зголемувања на каматите.
Повеќето економисти ја оценуваат сегашната фискална политика како премногу ограничување.
Вкупно 41 проценти од испитаниците се на ова мислење во однос на 29 проценти во август. Уделот на економистите кои се на мислење дека политиката е сосема точна, е намален од 46 на 38 проценти.
Студијата ги обединува одговорите на 252 члена на Националната асоцијација на бизнис економистите.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




