14 Декември, 2025
0.0878

Економската криза удри по Евровизија, Полска и Португалија откажаа учество

Објавено во: Свет 27 Ноември, 2012 11:16

Добивај вести на Viber

Тешката економска криза во Европа се одрази негативно и на меѓународниот конкурс за исбор за песна за Евровизија идната година. Португалија и Полска информираа дека ќе се повлечат од учество во натпреварот, кој треба да се одржи во Малме,Шведска. Според португалскиот канал „RTP“, кој ја објави веста за откажување на Португалија  од Евровизија, како  причината се наведува само лошата финансиска состојба на Лисабон. Но, познавачите на состојбите претпоставуваат дека свој удел во ваквата одлука има и тоа што изминатите две години португалските пејачи не успеваат да стигнат до финалето. Од 1964 година наваму Португалија, со само три исклучоци,  редовно учествуваше на Евросонг и се смета за еден од т.н. традиционални учесници.  Сепак досега нема ниту едно прво место, а како најдобар резултат се смета шестото место на Лусија Монис во 1996 година. Полска, која заедно со Украина беше домаќин на Европското првенство во фудбал оваа година, исто така, се повлекува од учество на Евровизија поради економски проблеми, пренесува локалниот канал „TVP“. Земјата не се опорави од финансиските тешкотии поврзани со „Евро 2012“. Полска не беше дел од натпреварот и во изминатите две години, а најдобар нејзини резултат беше второто место во 1994-та година, кога оваа држава за првпат ушествуваше на Евровизија. Оттогаш Полјаците немаат среќа , а до финалето стигнаа само во 2008 година.  

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск