18 Мај, 2024
0.2428

ЕКОНОМСКИ МАГАЗИН: Добро е што почна градба на автопати, но договорот со Кинезите мора да се отвори за јавноста!

Објавено во: Економија 06 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Доколку појдеме од тоа дека Албанија поради непоседување комплетна документација, изградбата на  „Патот на нацијата“ ја чинеше скоро 15 милиони евра еден километар и тоа не автопа, а Косово изгради автопат со 10 милиони евра за километар, и сега ние во Македонија имаме во овие два автопата цена од едниот правец од Штип, 4 милиони евра за километар, потпишан на 200 милиони евра на 50 километри, а другиот за 60 километри, околу 300 милиони евра, 5 милиони за километар, се добри цени, но прашањето е со колку ќе заврши, вели Вулнет Палоши, универзитетски професор за инфраструктура и патишта во емисијата „Економски магазин“ на Алсат-М. Palosi 19004_10153163783992380_3189044717008636539_nЕкономски магазин: Како ги коментирате телефонските разговори што ги објави опозицијата а за кои се тврди дека премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, договараат провизии за да им го дадат бизнисот со автопатиштата на кинеската компанија, која сега е изведувач? В.Палоши: На почетокот треба да кажам дека ова се други органи кои треба да се занимаваат со телефонските разговори, јас од аспект на професијата сакам да дадам објаснување за оваа работа, важно е дека Македонија по подолг период од 10 години мораториум на градење автопати, по подолго време, да не кажам со доцнење почна да го гради Коридорот 8, што е еден од главните и приоритетни проекти на Македонија, од аспект предвиден со просторниот план на Македонија, за кој не знам заради кои причини подолго време беше надвор од интересите на Владите, на неколкуте Влади во Македонија. Ова би го гледал од друг аспект, за мене важно е да се изградат автопати. И за граѓаните на Македонија е важно автопатите да се изградат и да не доцни нивната градба а со телефонските разговори треба да се занимаваат другите органи, за кои не можам да зборувам, бидејќи немам ни документација за да знам што има во документите и за што се разговара. Важно е дека во таа документација, со која Македонија работи со кинески фирми, вистина е дека фирмите концесионери никогаш не ги објавуваат нивните договори. И во Македонија во овој случај не ги објавиле договорите, туку мојот предлог е да се излезе од оваа ситуација, да се формира експертски тим, кој ќе има пристап до документите и врз основа на тоа, да видат за што се работи во овие прислушувања. Економски магазин: Која е паралелата во однос на цената на чинење на еден километар автопат? Како се утврдува? В.Палоши : Еден километар на секој пат, но и на автопатите не може да биде ист заради конфигурацијата на теренот, има голема разлика, зависи дали теренот е со подземни води, може да биде рамнина, каде треба големо стабилизирање, и има повисока цена, или е каменит терен или има многу објекти на терен, генерално не може да се каже колку чини 1 км автопат. Се разликува од траса до траса. Разликата може да биде до 2-3 километри лево или десно, многу е меѓу двете предложени варијанти. Опасноста е во техничката документација дадена до Кинезите, македонската страна, инженерите, експертите од Македонија да не седнат на маса, да прават договори со недефинирани проекти. Тогаш се остава простор за многу движења, за многу сомнежи за тоа колку чини еден километар автопат, или не. Доколку поаѓаме од тоа дека Албанија поради непоседување комплетна документација, изградбата на  „Патот на нацијата“ ја чинеше скоро 15 милиони евра еден километар и не е автопат. Косово изгради автопат со 10 милиони евра за километар, и сега ние во Македонија имаме во овие два автопата цена од едниот правец од Штип, 4 милиони евра за километар, потпишан на 200 милиони евра на 50 километри, а другиот за 60 километри, околу 300 милиони евра, 5 милиони за километар, се добри цени, но прашањето е со колку ќе заврши? Со какви цени ќе заврши, бидејќи овие почнуваат со ниски цени, потоа на крајот се зголемува цената. Додека во договорот имате нејасни позиции, тогаш не се знае со каква цена ќе заврши изградбата на автопатот. Затоа, мојот предлог е, како што наведов на почетокот, еден тим на експерти од различни предмети на градежништвото што ги имаат во факултетите, сакам да кажам дека во Македонија има близу 3.300 градежни инженери, од кои сигурно 100 или 200 се во едната или другата партија, ако гледаме од аспект на тоа дека партиите ги одредуваат овие експерти, бидејќи не ги одредуваат според нивните СВ-ја, во однос на тоа што го работат, тогаш имаме можност да најдеме луѓе, 10-15 лица, кои ќе бидат супервизери на надгледувачите и на македонската, и на кинеската страна, за да не се случат овие пречки. Економски магазин: Опозицијата упати критики и за тоа што кинеската компанија доби многи поволности и ослободувања од државата за да ги гради автопатиштата? В.Палоши : Не е само кинеската компанија, во Албанија и во Косово не работи кинеска компанија, туку еден друг конзорциум, којшто е светска компанија, но треба да знаете дека сите овие компании кои добиваат концесија за градење, различни конзорциуми, тие доаѓаат за голема добивка. Тие не доаѓаат да работат во Македонија за мала добивка. Не доаѓаат поради желбата да и помогнат на Македонија. Додека Светската банка и ЕБОР со своите кредити не поддржуваат еден проект, треба да земеме со конзорциум, треба да знаете дека тука се поставува знак прашалник со каква цена ќе го изградиме овој автопат? Второто прашање е кога ќе ги земеме кредитите од ЕБОР и Светската банка, тие ги имаат своите надгледувачи, коишто не контролираат и од финансиски, и од технички аспект. Тој ја врши работата така и потоа ги исплаќаат парите за завршените работи. Тука постои опасноста, што ние ова го немаме. Втората опасност што може да се појави во овие проекти е за тоа како ќе завршат овие подизведувачи на работите. Подизведувачите може да се доведат во една многу тешка ситуација, доколку Кинезот пресметал дека треба да оствари добивка тука, тој ќе ги доведе во тешка состојба подизведувачите бидејќи ќе им одреди многу ниски цени, со кои тие ќе се уништат себеси. Тука треба да биде нашата помош за и нив да ги одбраниме и спасиме, за да не се случи како што се случи за патот од Приштина до Урошевац и Качаник, каде што подизведувачите ја оставија работата бидејќи им беа диктирани многу ниски цени, со кои не можат да ги исплатат ниту минималните трошоци, а не па да имаат добивка. Економски магазин: Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, вели дека треба да бидеме гори бидејќи се градат автопати. Треба и да бидеме горди и каде е Македонија на мапата на европските коридори? В.Палоши :За жал, треба да кажам дека погрешната политика на Владите во изминатите 10-15 години, што го запоставија приоритетот на изградбата на паневропските коридори, кои се одредени уште во 1993 година и потоа во 1993 во Хелсинки беа определени како европски коридори 10, во кои ние како Македонија бевме место на вкрстување на двата коридори 8 и 10. За жал, со новата одлука на Европската унија од 21 август 2014 година, овие коридори немаат приоритет за Европа и Европа ја изготви новата мапа на приоритети, каде што Македонија веќе не е крстопат во транспортните патишта во интегрираниот сообраќај на паневропските мапи. Таа е коридор, но не паневропски, а кога не е паневропски, средствата не ги доделува ЕУ, туку тогаш треба да се побараат овие надворешни финансиери и тука во овој случај се појавија Кинезите со идентични услови, како што ги дава банката, но проблемот е во тоа каков ќе биде крајот.  Во кредитите што ги земаме од меѓународните, европски и светски институции, ние фактички уште од почеток знаеме колку ќе не чини. Тука не се знае, тука е опасноста. Економски магазин: Потребно ли и беше задолжување на Македонија со кредити, за да ги гради автопатите или можеше тоа да го финасира, ако при тоа се направи паралела со парите што се потрошија за споменици, фасади и згради во барок ? В.Палоши: Секоја влада го определува својот приоритет врз основа на својата владина политика. За жал, партиите во Македонија, кога доаѓаат на власт ги претвораат државните институции во фонтана на желби, определуваат луѓе кои не се соодветни на местата кои треба да ги раководат институциите и поради таа погрешна политика ние се доведуваме во ситуација Владата да донесува погрешни политики. Доколку Владата ги нема соодветните луѓе на соодветни места, има погрешна политика и погрешната политика на Владата е доколку и даде приоритет на една градба, а не и даде приоритет на друга градба. Од геостратешки аспект јас сум обврзан да кажам дека се случуваат чудни работи во регионот. Геостратешката политика за Балканот се смени и таа политика која беше пред 15-20 години, каде Македонија беше како крстопат и беше бенефицирана во добивањето средства од ЕУ, сега не е тој случај. Вие гледате дека и Хан од ЕУ на средбата во Приштина му додели на целиот регион, на пет држави и овие од Балканот, една милијарда евра за инфраструктурни проекти, што е минимално. Кога една корпорација или кинеската држава за овие држави дава 10 милијарди евра, Европа даде една милијарда евра, треба да видите дека европската политика се менува врз основа на геостратегијата и врз основа на политиката на државите. Доколку ние им даваме важност на објектите кои немаат важност за инфраструктурата и се прави ова што се прави и тука, па и во другите држави, тогаш Европа вели: па немате потреба од моите пари, јас не финансирам ништо штом вие имате пари за други работи, немате потреба за ова, снајдете се сами. Економски магазин: Владата предводена од Никола Груевски, досега се обидуваше во јавноста да биде прифатена, како скромна и чесна. Дали сега, со објавените телефонски разговори на опозицијата, е променета таа перцепција кај Вас? В.Палоши : Од мој аспект, јас сум обврзан да кажам дека се радувам што влеговме во оваа инвестиција на патишта. Од аспект на цените, без да ја видам документацијата не можам да дадам оценка. Од аспект на тоа дека политички едната или другата партија сака да придобие од оваа ситуација, тоа е нормална работа. Тие сакаат, едната да ја задржи власта, другата да дојде на власт. И што прават? Се обидуваат со помош на една сфера која е многу деликатна, таа на инфраструктурата и градежништвото, како и сферата на инвестициите во тој правец да ги расчистат своите сметки. Лошо е доколку објектите кои се за доброто на граѓаните се користат за расчистување на политички партиски сметки. Добро е да се градат патишта, доброто е граѓаните на Македонија да имаат полза не само од овие патишта, туку и патиштата што ќе се поврзуваат меѓу државите, како со Албанија, како со Косово, како со Бугарија, итн.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа