15 Декември, 2025
0.0514

ЕКСКЛУЗИВНО: Фактор открива како функционирала шемата со злоупотреба на рецептите со лекови

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2019 13:15

Добивај вести на Viber

Матичен доктор препишува рецепти за лекови на негови пациенти, кои на пример, подолго време не се јавиле кај него на преглед. Препишува рецепти за поскапи лекови и самиот или некој друг во име на пациентот на кој му се „препишани“ ги зема овие лекови во аптека. Потоа лекарствата се препородаваат во земјава или во странство. Ова е шемата по која практично се злоупотребувал Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) којшто ја плаќа партиципацијата за издадените лекови на рецепт. Фактор ја открива шемата по која се правеле злоупотребите на рецептите со лекови.

Најчесто се препишувале поскапи лекови, за кои на пример Фондот плаќа и по 30.000 денари. Потоа овие лекови завршуваат на друго место, не кај пациентот на кој му биле „препишани“, а и самиот не бил свесен за тоа.  

Над 50 милиони евра годишно ФЗОМ плаќа за лековите на рецепт секоја година, а според првичните проценки дури осум отсто од овие пари се дадени за рецепти и лекови кои не им биле потребни на пациентите, односно биле земени на нивно име, без нивно знаење. Според информациите ова се случува затоа што нема контролен механизам кој подигнува рецепти– ниту пациентот може да провери колку рецепти на негово име се издадени во текот на еден месец или една година на пример.

Поради ова, повеќе лекови биле подигнувани од аптеките, па се трошеле квотите за рецепти преку ФЗОМ веќе неколку дена од стартот на месецот. Аферата ама без детали ја објави лично премиерот Зоран Заев, минатата недела од собраниска говорница. Самиот денеска изјави дека овие квоти веќе ќе се укинат. Впрочем, според најавите веќе од сепетември или од октомври, ФЗОМ нема да одредува максимална пропишана количина од секој лек што ги покрива здравствениот фонд.

Но според нашите информации, ова не е единствената мерка за да се сузбие злоупотребата. Планирано е да се воведе построг систем на контрола за тоа кој ги купува лековите, па во иднина, секој кој оди на лекар ќе се идентификува, а така, односно само со лична идентификација ќе може да подигне и лек од аптека.

Наши извори велат дека ќе се воведе систем сомеханизам, секој да го добие лекот што му е потребен, а не тој што го сака.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани