19 Декември, 2025
0.0881

Ексклузивно интервју со Амар Салиу: „Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living' со Блок Ц“

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2023 09:30

Добивај вести на Viber

„East Gate Living“ ја продолжува својата приказна за модерен начин на урбано живеење од затворен тип, каде што комплексот ќе добие уште две нови станбени единици со изградбата на Блокот Ц.

Прва фаза ‒ моменталните четири згради што се дел од комплексот „East Gate Living“ во Блок А и во Блок Б се во финална фаза на изградба и понатамошно вселување на новите станари во комплексот.

Вторa фаза – изградбата на Блок Ц (зграда Ц1 и Ц2) започнува сега, а ќе биде завршена до крајот на 2025 година.

Третa фаза ‒ изградбата на Блок Д и Блок Е (четири згради) ќе започне во втората половина на 2025 година.

За продолжувањето на изградбата на новите згради во Блок Ц зборуваме со Генералниот директор на компанијата СМС Шопс, која е инвеститор во комплексот „East Gate Living“, господин Амар Салиу.

Господине Салиу, Вашата улога во резиденцијалниот комплекс „East Gate Living“ започнува уште во првата фаза на градба со изградба на станбената единица Б2 во Блок Б. Компанијата што ја менаџирате, СМС Шопс (во јавноста позната како SMS Construction), во своето портфолио вбројува успешни деловни и станбени проекти, наградени со престижни награди. За Вас, ова е прво искуство со изградба на станбен комплекс од затворен тип. Какво е досегашното искуство со продажба на станови, дали има интерес за ваков тип станбен комплекс?

Салиу: Започнувањето со ваков тип градба претставуваше голем предизвик и чекор за нас како компанија, која пишува успешна приказна во градежниот сектор уште од 1996 година. Изградбата на квалитетни станбени објекти директно е поврзана и со градењето доверба и сигурност кај секој наш клиент. Во изминатите години создадовме репутација на компанија што гради според највисоки стандарди за квалитет, со навремена градба и ги следи сите процедури.

Доказ за нашата професионалност и за квалитетна градба се добиените награди „Гран-при на БИМАС“, доделени за следните три објекти:

·  во 2000 година за станбено-деловниот објект „Титаник“, лоциран на ул. „Џон Кенеди“ во населба Чаир, Град Скопје;

·  во 2006 година за индустрискиот објект „Порше Македонија“, лоциран во Скопје Север, Град Скопје;

·  во 2018 година за деловниот објект „Челзи бизнис-центар“, лоциран во строгиот центар на Скопје.

Оттука, зедовме уште поголем замав во создавањето повеќе станбени единици што ќе бидат дел од единствен модерен станбен комплекс од затворен карактер, граден според највисоки светски стандарди. Во првата фаза на проектот се соочивме со големи предизвици, на кои одговоривме со издигнување на комплексот до точка на препознатливост за да биде најбараната локација за живеење на луѓето. Самиот комплекс нуди големи предности, кои купувачите ги препознаваат. Во изминатиот период бележиме продажба на речиси сите станови и подготвени сме да ги дочекаме првите станари на комплексот до крајот на оваа година.

Во следната фаза продолжува изградбата на Блок Ц, каде што продолжувате како единствен инвеститор на комплексот. Што ќе понуди новиот Блок Ц во резиденцијалниот комплекс „East Gate Living“?

Салиу: Продолжувањето на приказната со изградба на Блок Ц отвора нови можности и нови две станбени единици на вкупна површина од 60.000 м2. Новите 2 згради ќе продолжат да се градат според највисоки стандарди за градба како и досегашните 4 згради, имплементирајќи А++ технологија за поголема енергетска ефикасност, систем за паметно домување „Smart Home“, топлотна и звучна изолација, како и висококвалитетна столарија, санитарии и паркет во секој дом. Самиот комплекс располага со голема зелена површина од +25.000 м2 и партер со разновидна содржина за жителите на „East Gate Living“. Блокот Ц ќе понуди нови 388 станбени единици во двете згради што ќе имаат по 13 ката. Во понудата на станови ќе бидат достапни квадратури за секого, од гарсониери до пространи пентхаус станови.

Резиденцијалниот комплекс „East Gate Living“ претставува совршен дом за секого, а тоа го докажува и фактот што е најбараната локација за живеење во изминатите 2 години од изградбата на првите 4 станбени единици.

Достапност, пристапност и сеопфатни содржини се дел од самиот комплекс што е лоциран непосредно до најмодерниот шопинг-центар во Скопје, „East Gate Mall“. Дополнително, во составот на самиот комплекс се достапни и деловни простории што ќе ја збогатат содржината. Комплексот е од затворен тип и има највисоко ниво на безбедност, а со тоа придонесува секој станар да се чувствува безбедно во своето секојдневие.

Какви се Вашите планови во поглед на темпото на градба? Покрај Блокот Ц, во составот на комплексот „East Gate Living“ ќе бидат достапни вкупно 10 згради.

Салиу: Во моментов сме фокусирани на тековната инвестиција и на изградбата на двете згради во Блок Ц. Нашиот план е изградбата на двете згради да биде финализирана кон крајот на 2025 година, а во меѓувреме, како што ќе тече работата со финализирањето на Блок Ц, ќе започнеме со подготовки за изградба на Блок Д и Блок Е. Дополнително, во овој период комплетно ја финализираме првата фаза со уредување на партерот и со топло добредојде на нашите први станари во резиденцијалниот комплекс „East Gate Living“.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии