16 Април, 2024
0.0377

Мариос Клапсис, директор во Американ Експрес

Ексклузивно интервју со Мариос Клапсис: Зошто е добро и вие да бидете еден од 120 милиони корисници на Американ Експрес картички во светот

Објавено во: Интервјуа 05 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Овие денови во Скопје престојува г-дин Мариос Клапсис – Директор за деловен развој и стратешко управување на Американ Експрес. Целта на посетата на нашиот главен град е потпишувањето на новиот договор помеѓу Американ Експрес и Силк Роуд Банка АД Скопје, со кој банката и наредните години останува единствен издавач на картичките на Американ Експрес на територија на државата.

Американ Експрес е финансиска институција, основана уште во 1850 година во Њу Јорк, САД, препознатлива по платежните картички. Во 2017 година, реномираниот магазин „Форбс” ja рангираше компанијата на 23 место во светот во делот на најценети и реномирани брендови. Компанијата на светско ниво има преку 120 милиони корисници на картички.

Прочитајте го интервјуто со г-динот Клапсис и дознајте зошто е добро и вие во наредниот период да станете еден од корисниците на Американ Експрес картичка.

Фактор:  Ја продолживте соработката со Силк Роуд Банка, со која банката и наредниот период останува ексклузивен издавач на Американ Експрес картичките на територијата наСеверна Македонија. Кои се вашите искуства од соработката со банката до сега?

Мариос Клапсис: Да, по успешно спроведените преговори, потпишавме нов Договор со Силк Роуд Банка, со кој банката и во наредните години останува единствен лиценциран издавач за Американ Експрес картичките во Северна Македонија. Американ Експрес картичките се присутни на  домашниот пазар уште од 2008 година.

Првата издадена Американ Експрес картичка во државата е Американ Експрес Грин  картичката, додека во следните години беше воведена и престижната Американ Експрес Голд кредитна картичка. Во 2014 година беше воведена првата Американ Експрес дебитна картичка воведена, директно поврзана со трансакциската сметка на корисникот на картичката во банката. Исто така, во 2014 година беше имплементирана и програмата “Твој Бонус”, со која корисниците на картичките добиваат и до 15% бонус-поврат на средства со секоја трансакција направенa со Американ Експрес картичките кај одредени трговци.

Денес, најавуваме и продолжување на нашата соработка со банката. Сакам да искажам огромна благодарност до менаџментот на Силк Роуд Банка и нашите заеднички тимови за соработка. Заедно ја споделуваме нашата заедничка посветеност кон обезбедување на бенефиции за корисниците на нашите картички (поврат на средства), зголемена безбедност при користењето на картичките, како и останати услуги и привилегии, кои секако им користат на клиентите во нивниот секојдневен живот.

Фактор: Американ Експрес е еден од најпознатите имиња во овој сектор, како ја гледате положбата на Американ Експрес на македонскиот пазар?

Мариос Клапсис: Американ Експрес картичките се прифатени на повеќе од 4000 ПОС терминали и повеќе од 200 банкомати во државата, вклучувајќи ги и банкоматите на НЛБ Банка. Програмата “TвојБонус” секојдневно се проширува со вклучување на нови трговци и во моментот се веќе вклучени повеќе од 100 трговци.

Минатата година, банката склучи Меморандум за соработка со Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, односно со секоја трансакција извршена со Американ Експрес картичките, банката донира по 5 денари за потребите на клиниката. Со проектот “Наша донација со секоја трансакција”, веруваме дека ќе дадеме барем мал придонес во подобрување на условите за престој на децата во клиниката.

Фактор: Како Американ Експрес ќе се развива во следниот период,  каква ќе биде соработката со Силк Роуд Банка, што е планирано?

Мариос Клапсис: Иако не би можел да одам во детали за нашите идни планови, она што можам да го кажам е дека сме многу задоволни од продолжувањето на нашето партнерство со Силк Роуд Банка и заедно со банката во иднина ќе понудиме нови производи и услуги за граѓаните во државата, и секако проширување на “TвојБонус” програмата.

Нешто што можам да го споделам со читателите на вашиот портал е дека почнувајќи од 10-ти април па се до 10-ти мај, во траење од еден месец, ќе започне ексклузивна промотивна кампања на Американ Експрес во Веро и Џамбо маркетите, со која корисниците на картичките со секоја трансакција ќе добијат 5% кешбек, односно поврат на средства, од вкупниот износ на направената трансакција на ПОС терминал.


Фактор: Кои се предностите за поседување на Американ Експрес картичка?

Мариос Клапсис: Би сакал да истакнам дека поседувањето на Американ Експрес картичка значи поседување на картичка од една од најреномираните и најценетите финансиски компании во светот. Дополнително, со поседување на кредитните картички Грин и Голд корисниците добиваат беспрекорни услуги и сигурност при нивните плаќања. Американ Експрес картичките се единствените кои даваат можност до 50 денови бескаматен грејс период и минимална уплата на месечно ниво од само 3% од извршените трансакции. Исто така, Американ Експрес Голд картичката овозможува бесплатно патничко осигурување во случај на губење на багаж или доцнење на лет, како и услугата помош на пат, односно доколку ви е потребна каква било помош или поддршка при вашето патување во земјата или во странство, доволен е само еден повик кај нашиот локален партнер. Покрај локалните патнички привилегии и „Твој Бонус“ програмата, со Американ Експрес клиентите добиваат пристап и до ексклузивните глобални програми специјално дизајнирани задобивање привилегии при нивните деловни или приватни патувања. За останатите привилегии со картичките, слободно може да ги посетите експозитурите на Силк Роуд Банка каде што детално може да ви бидат објаснети привилегиите и поволностите кои ги нудат нашите картички. 


А.Т.