18 Декември, 2025
0.0893

ЕКСКЛУЗИВНО: Загребска берза купи дел од Македонска берза

Објавено во: Економија 18 Декември, 2019 12:29

Добивај вести на Viber

Загребската берза влегува во Македонската берза. Денеска во трансакција продадени се 5,3 отсто од сопствеништвото на Македонска берза, а од берзата во Загреб соопштувааат дека се стекнале со 148 акции, секоја по цена од 1.000 евра. Тоа значи дека за купените 5,3 отсто од Македонска берза, Загребската берза ќе плати 148.000 евра. Трансакцијата, соопштуваат од Загреб, во целост е финансирана од сопствени средства на берзата.

Кој ги продава акциите што ги има во Македонска берза. Оттаму не сакаат да даваат детални информации за тоа кој бил продавачот ниту која е целта на оваа аквизиција. Фактор се обрати и во Загребската берза и кога ќе добиеме одговор ќе биде пренесен. Загребската берза во 2015 година стекна 100 отсто од сопствеништвото на Љубљанска берза, со што ова е втора слична аквизиција во регионот. Директорката Ивана Гажиќ во соопштение вели дека искуството кое го стекнале по аквизицијата на Љубљанската берза е позитивно и дека верува оти нешто од тоа ќе имплементираат и како малцински акционери во Македонската берза.


„Низ искуството во Хрватска и Словенија свесни сме дека на секоја регионална економија и треба јак национален пазар на капитал и во таа смисла ќе помогнеме во зајакнување на Македонската берза во локалната економија. Веруваме дека оваа берза има значаен потенцијал за раст и за ширење на палтета на производи и целта ни е активно да учествуваме во нејзиниот раст и развој особено во светлото на прилагодување на македонското законодавство со европското во што имаме искуство, вели Ивана Гажиќ директорка за Загребската берза.

Директорот Иван Штериев вели дека двете берзи сооработуваат одамна но не соопшти повеќе детали.

„Двете берзи веќе подолго време имаат многу блиска соработка во рамките на која, меѓу другото, се и косопственици во заедничкото друштво СЕЕ Линк ДОО Скопје. Фокусот на досегашната соработка помеѓу Македонската и Загребската берза беше зајакнување на локалните пазари на капитал и регионалните економии во целина. Ваквото сопственичко поврзување, што според Загребачка берза е направено поради препознавање на значајниот потенцијал на Македонска берза, дополнително ќе придонесе за интензивирање на заедничките активности на двете берзи во иднина, вели Штериев.

Инаку Македонската и Загребската берза имаат поинтензивна соработка од 2014 година кога заедно со Бугарската берза го основаа друштвото СЕЕ линк во кое трите берзи имаат еднаков удел и сопствеништво. Годинава пак Македонската берза потпиша договор за соработка со Funderbeam SEE хрватско друштво во кое Загребската берза има учество од 20 отсто, а е дел од естонската Funderbeam групација која управува со платформа за финансирање на стартапи.

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?