11 Декември, 2025
0.0507

Експерти за Doing манипулации со растот

Објавено во: Економија, Колумни 31 Октомври, 2016 20:30

Добивај вести на Viber

Власта реално нема со што да се пофали во забревтувањето на предизборната кампања, па тргна да се фаќа и за „сламки“. Страшно е кога бившиот премиер, во недостиг на реални економски успеси во економијата се повикува на Дуинг бизнис. Провладините медиуми одат чекор понатаму и ваквото рангирање од  Светска банка го насловија,  Македонија  меѓу најразвиените земји во светот. И сето тоа се прави од петни жили, затоа што и на  лидерот  му е јасно дека напредокот на условите за водење бизнис ни од далеку не значи потврда за економскиот раст, квалитетот на животниот стандард,  квалитетната бизнис клима.

Тој точно знае дека оваа власт не може да прикаже други позабележителни успеси, освен да прави шминка и манипулира со гласачкото тело. А тоа и Светкса банка добро го забележа пред десетина дена,  кога му укажа на официјален прес дека власта забегала со трошењата, економијата му тапка во место и прашање на време е кога ќе „трокира“ поради не можноста да ги сервисира направените долгови. Светка банка преку Дуинг бизнис само констатира дека сме станеле специјалисти за носење на прописи, но не и најбитните, од кои вистински зависи атрактивноста за водење бизнис во земјата.

Лидерот не сака ниту да разговара, а не да признае дека за бизнис климата е пресудно ефикасното функционирање на правната држава. А таму каде што нема правна држава нормално е да бидат задоволни само странските инвеститори. Тие добиваат се’ што ќе договорат со власта, а домашните треперат од страв кога ќе бидат рекетирани или кога ќе ги „нападнат“ инспекциски служби за да ги „дисциплинираат“ во односот кон власта.

Изјаловени се и неколку стратегии за фискална консолидација на земјата, па не може да се пофалат дека буџетскиот дефицит и јавниот долг, кои постојано и брзо се зголемуваат, се во состојба да го контролираат. И површни анализи покажуваат дека и намалувањето на невработеноста не е резултат на кој би требало да се радуваме, бидејќи мерките со кои се поттикнува вработувањето  создаваат големи дубиози во системот за пензиско и инвалиднско осигурување, а не гарантираат поголема стабилност на вработените. Властите  немаат ни конзистентна политика која ветува излез од длабоката општествена и економска криза. Единствена потпора им е продолжувањето на клиентелизмот т.е. корумпирањето на гласачите. А тоа веќе ги надминува и државните можности за нивно алиментирање.

Се сломија и најголемите манипулации со „успехот“ на растот на БДП.  Годинава тој ќе биде и понизок од просечно остварениот во времето на владеењето на коалицијата на ДПМНЕ. Во првиот квартал изнесуваше 2%, а во вториот 2,2%. Веројатно ниту лидерот не верува дека растот може да се забрза, па затоа ниту пропагандистите не го спинуваат овој параметар на развојот. А можеби веќе и сфатија дека земјата не е во состојба да генерира повисок раст од 3% (колку што е просекот во нивното владеење) и не сакаат да се срамат со таков „подвиг“, бидејќи нема никаква економска основа да се препорачуваат како успешни владетели, со оглед на тоа што многу земји во светот, со слична големина и ниво на развиеност  во изминатиот период остваруваа и стапки на раст на БДП  и над 7% годишно. Тоа е и разбирливо, бидејќи и изградба на само неколку поголеми капацитети го забрзува растот. А кај нас не се создадоа услови за поддршка на домашниот бизнис за проширување и модернизација на капацитетите. Десеттина години тие се борат за преживување на пазарот. Целосно фијаско доживеа надежта дека пресврт ќе обезбедат странските инвеститори, а гласачите веќе прашуваат и за висината на потрошените пари, за „големите“ проекти.

Во овој контекст владејачката врхушка не може да објасни зошто динамиката на економскиот раст се закатанчи на 3% годишно. Поточно, не семе да се впушти во објаснување, бидејќи ќе мора да признае дека прекардаши со неразумното трошење на позајмените средства (претежно непродуктивно и расипнички). Позајмувајќи нови средства за да ги враќа старите долгови власта се доведе во ситуација отплатата на долговите (ануитетските обврски) да се поголеми од годишниот раст на БДП, а притоа, позајмувањата се со повисоки каматни стапки од тие со кои расте БДП на земјата. Ќе мора да признае дека заради се’ понагласената клиентелистичка политика власта го жртвува економскиот раст. А ова, се разбира, не е погодно за водењето на предизборната кампања на партијата и на коалицијата.

Во недостиг на вистински факти за развојот на земјата, бидејќи и ги нема, Груевски се фати за последните податоци за растот на индустриското производство од 5,4% во првите три квартали од годинава во однос на истиот период од претходната. Податокот е точен, но далеку од тоа дека е одличен, по една цела декада од неговото владеење. Манипулирање со јавноста е ако  се каже дека индустријата е  „локомотива“ во развојот. Просечниот раст на производството во изминатите шест години изнесува само 2.8%, а порастот на вработеноста во индустријата само 0,6%. Македонската индустрија е далеку од позицијата што ја имаше во создавањето на БДП и во вработеноста.

И на лидерот овие факти му се познати. И тој знае дека сликата е далеку од розова. Тој е еден од ретките што ја знае вистината за вкупниот борч, а со тоа го знае и одговорот на  прашањето, како е дозволено да се дојде до таков борч без притоа да се обезбеди економија кој ќе ги враќа долговите. Проблемот е што тој веќе нема интерес да ги решава проблемите, затоа што самиот стана генератор на проблеми. Тој сега има други приоритети. Исправен е пред голема спасувачка мисија. Повеќе „кожи“ се доведени во прашање.

Затоа да бидеме внимателни кога власта се повикува на мерењата на  Дуинг бизнис.  Бидете сигурни дека мерењето е точно, но презентирањето на мерењето е изманипулирано. Доколку  се мереше степенот на манипулации во државата од страна на власта, Дуинг бизнис сигурно ќе не исфрлеше неколку места повисоко од последното рангирање, што би се рекло, во тој случај, навистина би биле на самиот врв.

Д-р Крсте Шајноски

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Николски: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица

Николски: Поврзување на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија и уште 14 големи проекти во Струмица

(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија

(ВИДЕО) Се пробиваат тунелите од трасата за железничката пруга кон Бугарија

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари

СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари

САЕМ, ЖИЧНИЦА ОД БОЛНИЦАТА КОЗЛЕ И НОВ ВЛАДИН АВИОН, БИДЕЈЌИ СТАРИОТ Е КАКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОЛД ТАЈМЕР: Томовски со најава

САЕМ, ЖИЧНИЦА ОД БОЛНИЦАТА КОЗЛЕ И НОВ ВЛАДИН АВИОН, БИДЕЈЌИ СТАРИОТ Е КАКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОЛД ТАЈМЕР: Томовски со најава

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела

Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела

Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија

Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија