19 Декември, 2025
0.0453

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА БДП: Економија базирана на градежен сектор не може здраво да расте!

Објавено во: Економија 13 Март, 2016 08:02

Добивај вести на Viber

Растот на економијата од 3,7% минатата година е добар со оглед на политичката криза во која што е државата, но она што загрижува е фактот што овој раст се темели главно на градежништвото, сметаат економистите и бизнисмените. Посочуваат дека е потребно прехрамбената и преработувачката индустрија да бидат двигатели на економијата за да може да се смета дека економијата е стабилна и се движи во вистинска насока, а растот ќе можат да го почувствуваат и граѓаните. „Задоволство е да се одбележи и поздрави растот од 3,7 отсто во 2015. Но, ќе биде значајно за македонска економија растот да биде забележителен и во прехрамбената индустрија, преработувачката индустрија и услугите. Така би биле сигурни дека економијата е подготвена да одговори самостојно на потребите на локалната и регионалната потрошувачка (односно квалитет на услугите и производите) широко достапна за глобалниот пазар“, вели Миле Бошков, од претседател на Конфердерација на рабоодавачи. И универзитетскиот професор Сами Беслими, смета дека слабоста на македонската економија е тоа што во земјава носeчка гранка што обезбедува повисока стапка на економски раст е градежништвото. Објаснув дека домашната понуда на стоки и услуги треба да одговара на структурата на домашната побарувачка. А, доколку домашната економија не испорача нова вредност согласно потребите на домашната побарувачка, тогаш, во услови на слободен пазар, ќе доведе до зголемување на увозот на стоки и услуги за кои нема доволна домашна понуда. „Уште полоша е состојбата доколку постои раст на додадената вредност во т.н. непроизводни сектори, кои во основа испорачуваат само пресметковни, но не и реални вредности. Затоа ние се соочуваме со проблемот на низок животен стандард, раст на сиромаштијата и покрај тоа што континуирано бележиме позитивни стапки на економски раст,“ вели Сами Беслими, универзитетски професор. При тоа, Беслими посочува дека постигнатата стапка на економски раст е резултат и на растот на учеството на додадената вредност од слободните економски зони, но токму тоа создава погрешна слика за растот на економијата, затоа што станува збор само за стистички бројки, кои реално днемаат директен ефект врз вкупната економија. „Поради посебниот статус кој што го уживаат субјектите од слободните економски зони, доведуваат до создавање на погрешна слика за економскиот раст, а кој што нема ама баш никакво позитивно влијание врз домашната понуда, без фискални ефекти, ниту пак влијаат врз економскиот развој и во подобрување на економската благосостојба во земјата. Тоа се субјекти кои методолошки се дел од домашната економија, а фактички уживаат посебен статус,“ вели Беслими Домашниот бруто-производ порасна 3,9 отсто во последниот квартал лани покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Растот го билда пред се градежниот сектор каде што е забележан најголем пораст од 33.7%. За разлика од моторот на БДП, другите сектори  имале многу понизок раст. Секторот на рударството и преработувачката индустрија, заедно со снабдувањето со електрична енергија и гас бележат  раст, од 1,4 отсто, а солидно е нивото и кај секторите стручни, научни и технички дејности, од 12,7 отсто. Статистика покажува дека нема зима и за банкарскиот сектор каде  финансиските и дејностите на осигурувањето забележале 11,8 отсто. Пораст забележале и трговијата и транспортот, од 7,3 отсто, информациите и комуникациите за 4,6 отсто, како и дејностите во врска со недвижен имот, од 1,9 отсто. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите