15 Декември, 2025
0.0457

ЕКСПЕРТОТ ПО СУДСКА МЕДИЦИНА, ПРОФ. АЛЕКСЕЈ ДУМА: Обдукциите на карбонифицирани тела се крајно комплицирани, но колегите ќе излезат со најпрецизни резултати

Објавено во: Македонија 09 Септември, 2021 13:49

Добивај вести на Viber

Долгогодишниот експерт по судска медицина, професорот Алексеј Дума, кој повеќе години беше прв човек на Институтот по судска медицина, во разговор за Фактор вели дека обдукцијата на телата на починатите во големиот пожар што ја зафати модуларната болница во Тетово е исклучително тешка и комплицирана постапка, но уверен е како што вели дека неговите помлади колеги ќе достават најпрецизни и точни резултати.

-Јас сум навистина пријатно изненаден што од синоќа досега веќе се завршени четири обдукции на телата на изгорените пациенти, бидејќи за такви анализи се потребни многу посебни и специјални подготовки, пред се за заштита на персоналот. Се работи со скафандери, со посебна заштита, салата после секоја обдукција мора темелно да се исчисти, да се направи дезинфекција заради заштита на сите вработени во Институтот за судска медицина. Колку се оштетени телата навистина незнам, но најавија ДНА анализа, што подразбира дека се сериозно оштетени и тоа значително ја отежнува работата. Сепак, знаејќи ги луѓето, а тоа се врвни експерти од прва категорија, сметам дека се ќе сработат максимално најпрофесионално. ДНА лабораторијата е опремена со најсофистицирана опрема, луѓето што работат таму се сериозни експерти кои си ја знаат работата, убеден сум дека резултатите ќе бидат многу побрзо објавени отколку во некои слични институции во Европа. Апсолутно сум сигурен во тоа, посебно знаејќи го нивниот сериозен пристап кон работата, опремата и секако самите луѓе кои работат таму. Нема да си дозволат да останат необјаснети прашања, нејаснотии, но секако за овба треба трпение и време, посочува професорот Дума.

Во оваа насока, тој апелира да не се врши притисок од страна на јавноста се со цел резултатите за идентитетот на жртвите да бидат што побрзо готови.

-Поддршката во овој момент е многу важна, за да не се создава непотребно негативно расположение. Од тоа што го слушнав, на Судска медицина ќе бидат формирани седум тима кои ќе ја вршат обдукцијата, секако истовремено нема да можат сите седум да работат, но тоа е одлично, бидејќи ќе може да се менуваат, да преават паузи. Тоа во оваа област, во областа на патологијата е од особена важност за да може тимот да се одмори. Дури потоа почнуваат лабораториските анализи и гарантирам дека резултатите ќе бидат најпрецизни. Ќе излезат со сигурни докази за идентитетот на жртвите, причината за смртта, времето кога настапила смртта и така натаму, вели професор Дума.

Тој за Фактор посочува дека вакви комплицирани и тешки постапки на Судска медицина правеле кога се случи авионската несреќа во близина на Охрид, како и за време на конфликотот во Македонија во 2001 година.

-Обдукции на карбонифицирани тела правевме кога падна авионот во близина на Охрид. И тогаш тимовите од експерти патолози работеа максимално брзо, но тогаш ниту во еден момент немавме ризици од лична контаминација и од пренесување на инфекција. Но сега имаме една сосема друга ситуација, бидејќи станува збор за тела на починати кои се лекуваа од корона вирусот и тоа во голема мера ја комплицира и ја отежнува работата. Затоа не смееме да вршиме притисок, јавноста не смее да врши притисок, а апелиран и властите да не го прават тоа, со цел тимовите на Институтот за судска медицина да си ја завршат работата согласно сите меѓународни стандарди, вели професор Дума.

Анита Буиховски

ФОТО: Принтскрин-Центар за истражувачко новинарство

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“