Експлодира побарувачката за злато-скок од 141 отсто
Објавено во: Економија 11 Август, 2016 11:22
Побарувачката за злато скокнала во второто тромесечие во тековната година бидејќи инвеститорите побарале сигурни засолништа како би се заштитиле од глобалните превирања.
Вкупната побарувачка за злато изнесувала 1050 тони во периодот април-јуни, што е скок од 15 отсто во однос на вториот квартал од 2015 година, објави Светскиот совет за злато (WGC), пренесува Франс прес.
Со тоа побарувачката за „жолтиот метал“ во првата половина на годината достигна 2335 тони, второ највисоко ниво за тој период, кој не е далеку од 2.371,5 тони забележани во 2013.
„Инвеститорите трагале за диверзивикација на ризик и безбедно чување на вредноста на вложување во светло на продолжение на политичката, економската и социјалната нестабилност“, наведува лондонската канцеларија WGC.
Инвестиционата побарувачка скокнала 141 отсто, на 448 тони во вториот квартал, додека во текот на првата половина се качила на рекордни 1064 тони, стимулирана со растот на цената на златото.
Побарувачката за накит потонала 14 проценти, на 444 тони, со остар пад на клучните пазари на Кина и Индија, а се намалени и купувањата на централните банки.
Инвеститорите исклучително го ценат златото како сигурно за остраврување на вредноста на своето вложување во време на зголемени геополитички и економски потреси.
„Во 2016 година се случија низа настани кои создаваат економска и политичка несигурност“, објави WGC во најновиот извештај „Трендови на побарувачката за злато“.
„Изборите во САД, референдум во Велика Британија за членство во ЕУ и можни импликации на Брегзит, се опасна ситуација во италијанскиот банкарски сектор-се тоа заедно било значен мотив кога се во прашање инвеститорите во злато. Додавајќи го на тоа и продолжението на геополитичките немири на Блискиот исток, изборот на вложувачите во злато е зацементиран“, се наведува во извештајот.
Цените на злато скокнале за околу четвртина во текот на првата половина од годината, додава WGC, но не е прецизиран номиналниот износ.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




