15 Декември, 2025
0.0315

Експресно променет директорот на затвор Идризово, по откривањето на тунелот за бегство

Објавено во: Македонија 21 Март, 2023 15:39

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека е разрешен досегашниот директор на затворот Идризово и е именуван Генерал мајор Зоран Јовановски, магистер, кого го претстави како висок професионалец со богата кариера во МВР, со бројни меѓународни обуки.

- Преземени се мерки за санирање на состојбите во КПД Идризово, беше краток премиерот во одговор на прашањето за откриениот подземен тунел од 60 метри кои го ископале осудениците за бегство.

Во јануари осудениот за убиство Беким Мехмети избега во сценарио додека беше спроведуван со затворско комбе.  Тогаш директорот на затворот Шпенд Тахири кадар на алтернативците, како и заменикот Феми Јонузи од ДУИ не добија откази.

Затвореници во „Идризово“ копале тунел за бегство, потврди денеска Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување санкции, а детали најави за подоцна.

Неофицијално, почетокот на тунелот е од шеталиштето на затворениот дел на затворот, а водел до надвор од затворот. Во овој дел на „Идризово“ казни издржуваат затвовреници со високи казни, а меѓу нив има и такви осудени на доживотен затвор. Неофицијално, сето ова било правено со месеци, од страна на повеќе затвореници, распоредени во смени.


Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани