Елеганцијата оваа есен го носи името Dan John!
Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2024 14:29
Елеганцијата оваа есен го носи името Dan John!
Модниот бренд Dan John со новата колекција за оваа сезона носи совршен микс на различни естетики, обединети под препознатливата префинета елеганција што се содржи во идентитетот на брендот.
Имајќи го тоа на ум, Fashion Group ветуваат модно возбудлива есен за мажите. „Новата колекција на Dan John пристигна во Скопје и можеме да кажеме дека се работи за парчиња во кои секој маж ќе изгледа уште подобро.
Сезонава, брендот прави микс во естетиката што од една страна претставува поврзување со природата, а од друга страна да се држи чекор со урбаниот живот. Во тој контекст ни се допаѓа и пораката која ја испраќаат до мажите: „Градот, односно било кое место каде што се движите, да биде вашата писта по која ќе чекорите беспрекорно дотерани!“.
Оние што се наклонети на smart casual стилот, можат да го збогатат гардероберот со штепувани јакни, елеци, кошули во лежерен крој, како и кратки капути. За моментите пак, кога на мажите им е потребно да издоминираат со елеганција, изборот нека биде некое класично одело, со внимателно одбрани детали, совршени капути и панталони.
Безвременските бели и сини кошули добиваат уште помодерна верзија, не губејќи ја својата класичност, па мажите кои секојдневниот бизнис стил не можат да го замислат без ова парче облека, со Dan John можат да играат на сигурно. Палетата на бои се движи од бела, преку сини тонови, кафените без кои не можеме да ја замислиме ниту една есен, до безвременските црни!
„Фотографиите во прилог се само предлог за тоа како модната есенска приказна на еден модерен маж може да изгледа. Мажи, повелете во продавницата на Dan John или пак на нашата онлајн продавница http://www.fashiongroup.mk и создадете ја својата. Нема да згрешите“, порачуваат од Fashion Group.
Можеби ќе ве интересира
Проф. д-р Крлиу: Нашата заложба е да создадеме граѓани на светот – тоа се гледа во секој наш студент

„Макпетрол“и„Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

Ивановски и Поп Арсова – победници на 9.издание на HalkEco Скопје Трча 10 км

Моја Кравица – верен сојузник на детската трка „Охрид трчаТ“ и детската енергија

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025

Прилепска Пиварница добитник на платинеста награда за извонредност во квалитет и безбедност на храна од PepsiCo за 2024 година

Во недела ќе се одржи 9. издание на HalkEco Скопје Трча 10КМ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 09.05.2025 изнесува 90,47 евра за мегават час, на МЕМО 99,81 евра за мегават час

Чуварите на мудроста по трет пат ќе ги отворат срцата и умовите пред младите
