05 Декември, 2025
0.0540

ЕЛЕГАНТНИ И НЕОДОЛИВИ: Жените родени во овој хороскопски знак се вистински дами

Објавено во: Општо 01 Септември, 2016 22:42

Добивај вести на Viber

Овие жени се социјални и имаат неверојатна дарба за комуникација, па затоа и обожаваат да бидат опколени со пријателите и семејството. Тие се харизматични и ги маѓепсуваат сите околу себе, бидејќи се едноставно неодоливи. Тие претставуваат јин и јанг, бидејќи поседуваат фасцинирана мешавина од логично и емотивно размислување.

Лесно ќе влезат во некоја расправија и брзо ќе побијат нечие неподржано мислење, а во тоа ќе им помогне нивната „ладна глава“ во комбинација со шармот. Сепак се случува и да згрешат, но поради својата добронамерна природа ќе ги признаат своите сопствени грешки – тие не дозволуваат егото да им застане на патот.

Погодивте дека станува збор за Вагите?

Вагите бараат цврста врска и партнер што ќе ги радува со мали знаци на внимание, како пораки во хартиени срца и букет цвеќиња. Иако изгледаат смирено и сталожено, кога ќе се опуштат, жените Ваги знаат да бидат многу разиграни и романтични, па затоа и својот совршен пар можат да го најдат во знаците Водолија и Близнаци.

Тие секогаш искрено ќе го кажат тоа што им паднало на ум, па затоа и некогаш можат да звучат сурово искрено. Ова не може да го истрпи секој – па, ако не сте подготвени за болната вистина, не треба да бидете во нивна близина. Сепак, откако еднаш ќе го одберат својот партнер, тие ќе бидат целосно лојални, а за возврат ќе бараат само поддршка и љубов.

Можете да ги препознаете по елеганцијата што им го краси секое движење. Тие се совршено природни, убави, грациозни и секогаш свои. Нејзините надворешни карактеристики се правилни црти на лицето, дупчиња во образите, широка блескава насмевка, убави заби, тесен струк и нагласени колкови


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: