ЕЛЕКТРАНИТЕ И ФАБРИКИТЕ НА ФЕРО ИНВЕСТ - ДЕЛ ОД СТУДИСКАТА ПОСЕТА НА СТРАНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПРОГРАМАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Објавено во: Мои пари 18 Март, 2023
Делегација од 30 лица од организации и институции од областа на енергетиката, енергетската ефикасност, енергетската транзиција, зелената енергија и зачувувањето на животната средина од Франција, Австрија, Швајцарија, Словенија, Романија, Бугарија, Украина и неколку општини од нашата земја, посетија дел од фабриките и електраните на групацијата ФЕРО ИНВЕСТ, како лидер во енергетската транзиција кај нас.
Присутните се запознаа со енергетски ефикасните електрични и водородни возила за одржување на хигиена во градски средини кои се произведуваат во БРАКО, при што детали за овој високотехнолошки и за околината нештетен производ изнесе оперативниот директор Ангел Анѓушев.
Во Овчеполскиот регион гостите од странство ја посетија био гасната електрана Био Ентерпрајз во Сарамзалино, каде проект - менаџерот Арти Ќормемети ги информира за производниот процес кој има нула загадување, односно производство на биогас кој потоа служи како погонско гориво за производство на електричната енергија.
Делегацијата беше и на локацијата на фотоволтаичната електрана Централ Инвест во Кочани, која е исто така инвестиција на групациите Феро Инвест и Централ Инвест.
Посетата организирана преку Хабитат-Македонија беше дел од EXCITE проектот, кој во рамките на европската програма Хоризонт 2020 има за цел директно да ги подобри акциските планови во 25 општини ширум Европа во однос на климатските промени.
ПР објава
Можеби ќе ве интересира
ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денескa изнесува 79,92 евра за мегават час, на МЕМО 73,82 евра за мегават час

МЕФ форум: Паметното енергетско планирање - алатка која го помага производството на енергија од обновливи извори

Samsung и Dezeen организираат глобален конкурс за дизајн - Re:Create конкурсот ја нагласува вредноста на одржливоста на производите и услугите на Samsung

Одбележување на Светскиот ден на млекото: БИМИЛК и ЈОУДГ „Мајски Цвет” Битола со донација на детска креативна патека

Со донација на повеќе од 300 илјади денари dm drogerie markt го одбележа Меѓународниот ден на децата!

Уште повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

Промоција на стихозбирката „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова

„НEзаштитена пpирода“ - Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка
