Добивај вести на Viber
Со доаѓањето на администрацијата на претседателот
Барак Обама започна да се форсира зелената енергија како нов бизнис кој ќе го смени начинот на кој функционираат бизнисите. Секако дека ваквите проекти постоеле и порано, но подршката која ја имале од државата била незначителна. Претходниот претседател како човек кој потекнува од Тексас, очекувано немаше некој голем интерес да форсира некакви посериозни промени на ова поле.
Барак Обама веќе го троши вториот мандат, а Американците сеуште си ја преферираат нафтата како главно гориво за нивните возила. Огромни пари во форма на грантови и субвенции беа потрошени, но сепак резултатите сеуште ги нема.
САД се најголем загадувач во светот и тоа првенствено го прават возилата. Економијата која произведува една петина од тоа што го прави целата земја, мора да биде постојано во движење и за тоа движење е потребно гориво.
Откриен ли е светиот грал?
Светиот грал...батерија која ќе трае подолго време, за жал сеуште нема откриено. И покрај огромните средства вложени за истражување и развој, научниците сеуште не најдоа начин како да измислат батерија која нема да биде премногу скапа и со која ќе може да поминете доволно милји или километри пред да се закачите на некој извор за полнење струја. Заговорниците ќе кажат дека нафтените компании се толку моќни и ништо чудно да го кочат процесот, но тоа никој не може да го знае. Фактичката состојба покажува дека делот од автомобилската индустрија кој размислува зелено уште некое време ќе биде зелен.
Компанијата Фискер (за која ќе пишуваме утре) доби 200 милиони долари државни пари кои имаа главна цел да потикнат создавање на пристапно електрично возило независно од стандарните горива. После неколку години и многу попма, компанијата доживеа крах и отпушти три четвртини од работната сила. Веќе одреден период нема произведено ни едно возило.
Тесла компанија која веројатно повеќе ни е позната е во подобра ситуација. Во последниот квартал по долги години негативни резултати конечно успеа да испорача профит. И тоа профит кој надмина очекувањата на сите аналитичари. Сепак нејзината задача со тек на време на испорачува модели кои ќе имаат пониски цени од претходни, ни од оддалеку не е исполнета, напротив, секој нов модел има поскапа продажна цена од претходниот. Тесла е исто така компанија која доби пари од буџетот на државата.
Може ли да отпатувате и да се вратите од Грција со возило на батерии?
Се враќаме на основниот проблем, а тоа е дека батериите не траат долго. Обично едно вакво возило може да пројде помеѓу 150 и 300 км пред да треба да го наполните, со стандарните возила можете да поминете веројатно најмалку 700 километри. Исто така кога на возило кое работи на нафта ќе му снема гориво, си отиде во најблиската бензиска пумпа и за пет минути сте спремни да тргнете на пат. Кај електричните возила треба да полните четири до 8 часа. Што би рекло ако имате електрично возило и отидете за Грција на најблиските места за одмор, патот кој треба да трае пет часа, може да се претвори во патешествие од 12 часа. Тоа е навистина сериозен проблем.
И потоа доаѓа цената. Тесла на пример има возило кое може да пројде над 300 км со едно полнење, тоа е таканаречениот модел S, но неговата цена во САД е близу 90.000 долари што го става во класа во возила кои веројатно изгледаат многу попривлечно и покрај тоа што повеќе загадуваат.
Старите производители исто така се конкуренција на новите компании како Тесла. На пример Шевролет за 25.000 долари (цена која се смета за разумна), го продава моделот Спарк но со него може да поминете подпросечни 100 км, така да се чини дека повеќе се произведува како имиџ, отколку како нешто што треба да биде возило на иднината.
И како капак на се тука се бројките кои говорат дека електричните возила и хибридите комбинирано сочинуваат само 3,5% проценти од вкупно продадени возила.
На Америка се чини не и се брза да биде зелена.
Редакција Фактор
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.