Електроавтомобили и Македонија не оди заедно - авто-индустријата скептична во инвестицијата на Владата
Објавено во: Економија 15 Август, 2022 07:50
Стручните лица кои ги контактираше „Фактор“ за мислење во врска со потпишаниот договор на Владата со „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ за фабрика во индустриската зона во Тетово за производство на малите електрични автомобили e-GO се уште не сакаат да зборуваат јавно и отворено. Велат премногу е рано во оваа фаза, кога немаат јасна слика, да носат заклучоци, но велат дека многу услови треба да се исполнат за инвестицијата да има своја економска логика.
- Станува збор за компанија која била зависна од субвенции, а кога истите се редуцирале во Германија, еднаш прогласила банкрот. Дополнително ме буни тоа што веќе имаат најавени инвестиции во Бугарија и Грција, а сега одеднаш во регионот и во Тетово. Контроверзно е и нивното излегување на берзата во САД преку аквизирана компанија која е контроверзна и работи со чекови без покритие, тврди нашиот соговорник импортер на хибридни автомобили кој побара дискретност.
Лицето кое го контактиравме вели дека земјата во моментов ја нема потребната инфраструктура за да му овозможи на германскиот производител рентабилно производство.
- Прашањето е од каде ќе доаѓаат резервни делови и со кој транспорт. Освен тоа Тетово не е железнички поврзан, а транспортот на овие автомобили е исплатлив единствено со железница. Еден камион може да носи најмногу осум возила а тоа е многу скапо, вели застапникот на автомобилски брендови.
И експертот кој го контактиравме смета дека Тетово не го исполнува основниот услов, а тоа е да биде железнички поврзан, а освен тоа и батериите за електричните автомобили се тежок товар за кој би се плаќало транспорт со високи цени.
- Најмала земја која може да направи таков комплексен производ во моментов е Словачка која има автомобилска традиција, а каква автомобилска традиција и искуство имаме ние? Каков кадар има во Тетово? Од каде ќе дојдат батериите? Еве сега само што видов дека кинески KATL со Мерцедес за 7,6 милијарди долари ќе градат фабрика за батерии во унгарски Дебрецин. Тоа е најблиското место, можеби од таму ќе ги добиваме и ние, но дали се исплати?, вели реторички експертот од развојните зони.
Владата во саботата го потпиша договорот за државна помош и најави дека „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ во првата фаза ќе инвестира 130 милиони евра и ќе отвори најмалку 890 нови добро платени работни места. Фабриката за електрични автомобили во Тетово ќе почне да се гради на есен, а според договорот пробното производство се очекува во 2024 година. Најавено е дека платите ќе бидат 2,5 пати поголеми од просечните, а државната помош би била максимум 35 отсто од инвестицијата.
Јован Деспотовски, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, вчера рече дека доделувањето на државната помош за германсккиот старт-ап од Ахен зависи од динамиката со која ќе ја реализира инвестицијата и од исполнување на условите предвидени со договорот. Компанијата нема да добие пари однапред туку има конкретни рокови и датуми кои треба да се испочитуваат.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош




