ЕЛИТНО МЕСТО КАДЕ ЛЕТУВААТ БОГАТИТЕ: Ќе ги тестираат сите 200.000 жители
Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Мај, 2020
Португалски град Каскаис лоциран во близина на Лисабон ќе ги тестита сите жители за коронавирус.
Овој град планира да биде првиот во земјата којшто ќе ги тестира сите 200 000 жители за антитела на коронавирус.
Се надеваат дека ќе направат околу 5.000 тестови неделно во договор со една фармацевтска компанија и две независни приватни лаборатории.
Секој тест чини пет евра и го плаќа општината и неколку приватни лица, вели заменик-градоначалникот на Каскаис, Мигел Пинто Луз.
Каскаис е популарна дестинација за одмор каде се летуваат богатите и славните.Сите свои жители ги тестираше кинескиот град Вухан.
На ист чекор се одлучија и две мали држави, Андора и Лихтенштајн.
Во португалскиот град ќе ги тестираат сите жители, за да можат што поскоро да ја вратат во живот економијата, но и да им обебзедат безгрижно лето на граѓаните.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.