19 Април, 2024
0.0268

Емотивна фотографија од свадбата на Маја Саздановска и починатиот сопруг: Саше му беше потребен на Космосот

Објавено во: Стил 30 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Познатата македонска пејачка Маја Саздановска, пред пет години доживеа семејна трагедија, кога го изгуби нејзиниот сопруг Саша.

Еден нивен пријател со фотографија од нивната свадба, емотивно се присети на Саша.

- Нему на некое место во Космосот, Саше му беше потребен- напиша тој.

- Велат дека времето лечи сѐ, но не е така. Едноставно се навикнуваш да живееш со болката, изјави Маја Саздановска за естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Саздановска го изгуби животниот партнер Саша само девет месеци по раѓањето на нивната ќерка.

- Се трудам деновите воопшто да не ми наликуваат еден на друг. Обврската со работата е своевидна константна матрица, но тоа не ме спречува да бидам креативна остатокот од денот. Дел од плановите ми се поврзани со ќерката. Со Срна возиме велосипед, боиме и сечеме, другаруваме со најблиските и пријателите. Но, има и денови кои едноставно целосно се поминуваат во лежечка состојба (се смее)- изјави Маја за Женски Магазин.

- Срна беше многу мала кога почина маж ми, но секој ден прашува за него. Зборуваме и се потсетуваме заеднички на тато. За разлика од другите деца, поради тоа што се случи созреа предвреме, многу е итра,снаодлива и личи на него. Тука се и бабите и дедовците да ѝ ги раскажат приказните за тато од неговото детство и младост. Не дозволуваме споменот да згасне - искрено раскажа пејачката, која со години работи како организатор во Македонската опера и балет- додаде таа.

Извор Женски магазин

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре