19 Декември, 2025
0.0578

Ендрју Карнеги: Од бедник до најбогат човек на светот

Објавено во: Свет 14 Октомври, 2013 19:20

Добивај вести на Viber

Една од најимпресивните приказни за бедникот кој станал најбогатиот човек на светот е онаа за имигрантот и текстилен работник , Ендрју Карнеги. Карнеги е роден во Шкотска, во 1835 година. Неговите родители заработувале за живот во текстилните фабрики, но со воведувањето на новите технологии, текстилниот бизнис пропаѓал. Семејството живеело во крајна сиромаштија. Како што кажувал Карнеги, навечер си легнувале рано, пред да огладнат за вечера. „Срцето ме болеше поради тоа што татко ми мораше да моли за работа. Ветив дека кога ќе пораснам, тоа ќе се смени“, пишува тој. На 12 семејството се сели во Питсбург кај роднини, а една година подоцна Карнеги почнува да работи кај котелот на една текстилна фабрика, малку подоцна се вработува во канцеларијата за телеграми. Таму се обидувал да се запознае со важните луѓе во градот. На 17 години започнува да работи како асистент на богат сопственик на железничка компанија со неделна плата од 35 долари. Во текот на следните 10 години, тој станува важен службеник во  компанијата. Истовремено почнува да инвестира. Почнал со инвестиција од 217 долари во автомобилска компанија кои за една година му донеле 5 000 долари. Учествувал во стартот на компанија за изградба на железничка мостови. Инвестициите му станале толку профитабилни што неговата плата од 2400 долари годишно, била само 5% од вкупните доходи. Во 1865 година Карнеги ја напушта железничката компанијата и се сели во Њујорк.  8 години подоцна влегува во бизнисот со челик. Во следните децении „Carnegie Steel“ ќе стане империја. Историчарот Џон Ингам вели дека успехот на Карнеги се должи на тоа што имал способност да ја предвиди историјата. На 45-годишна возраст тој започнува врска со 24-годишната Луис Уитфилд, ќерка на трговец. Мајката на Карнеги е против нивната врска, но шест години подоцна и една година по нејзината смрт, тој се жени за Луис. Во 1897 година Карнеги се враќа во Шкотска и го купува замокот „Skibo Castle“. Во 1900 година неговата компанија произведува повеќе челик отколку цела Велика Британија. Во 1901 година на 66 години ја продава својата компанија на „JP Morgan“ за 480 милиони долари. Половина од оваа сума оди директно кај него. Новата компанија што ја основа се нарекува „United States Steel Corporation“. По оваа зделка тој станува најбогатиот човек во светот. Морган го поздравил за тоа, а Карнеги вели-„Не знам дали требаше да ти побарам 100 милиони долари повеќе“ на  што Морган одговара-„Ако ги побараше, тогаш и ќе ги добиеше."

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела