17 Мај, 2024
0.0372

Енергетската иднина е во Енергетска ефикасност

Објавено во: Економија 09 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Под мотото „Енергетска ефикасност на дело“, продолжуваат активностите во рамки на Платформата за енергетска ефикасност, што ја спроведуваат ЕВН и Министерството за економија.

Eнергетската ефикансост е многу важна тема за општеството, како за домаќинствата, така и за бизнисите, бидејќи претставува начин на намалување на трошоци, но и заштита на животната околина, вели Штефан Петар, претседател на УО на ЕВН, кој беше дел од работилницата.

„Во овој контекст, многу мерки се преземени и дискутирани за време на работилницата а истите ќе помогнат и за информирање и едуцирање на јавноста. Сето ова е овозможено зарди добрата соработката со Министерството за економија и мило ми е што можам да најавам дека имаме нов партнер во Платформата за енергетска ефикасност, а тоа е Агенцијата за енергетика. Би сакал да ги охрабрам сите да продолжат да ја развиваат оваа тема во иднина за да може да има придобивки целото општество во Македонија“, изјави Штефан Петар, претседател на УО на ЕВН.

securedownload

Граѓаните во земјата речиси и да не посветуваат доволно внимание кога е во прашање енергетска ефикасност. Ректки се оние кои сериозно влегуваат во инвестициски циклус, без разлика дали се работи за својот дом или за инвестиции во својата компанија, а која би им ги намалила трошоците и би заштедиле на енергија.

Директорот на Агенцијата за енергетика, Александар Дуковски, нотира 4 митови кога е во прашање енергетската ефикасност.  Еве кои се тие:

1.Треба да се намали комфортот на живеење за да се постигнат соодветни заштеди

2.Како индивидуи можеме многу малку да влијаеме на потрошувачката на енергија

3.Системите за постигнување на повисока енергетска ефикасност се скапи и не се достапни

4.Нема потреба од заштеда ако инвестираме во обновливи извори на енергија

Енергетски пасош - енергетски контролори

Со почетокот на Новата 2015 година стартуваше и обврската за поседување енергетски пасош, односно серитификат за енергетски карактеристики на зграда со кој се покажува дека градбата ги исполнува условите за енергетска ефикасност предвидени во Законот за енергетика. Сертификатот го издава овластено правно лице и без него градбата не може да се стави во употреба.

„Енергетскиот контролор се ангажира од страна на клиентот да му изработи Сертификат за енергетска карактеристика на зградата/објектот или популарно наречен енергетски пасош. Тој сертификат служи да го покаже потребното количество на енергија потребно да се загрее просторот. Постојат два типа на енергетски контроли. Општа енергетска контрола – се прави за да се согледаат енергетските карактеристики на зградата преку издавањето на сертификат за енергетска контрола и воедно да посочи мерки со кои станарот би можел дополнително да ја зголеми енергетската ефикасност на домот. Детална (инвестициска) енергетска контрола - се применува за изработка на инвестициска студија која содржи детална техничко-економска анализа и служи за примена на сложени мерки за подобрување на енергетската ефикасност по пат на давање на енергетски услуги со гарантирани заштеди“, вели Дуковски.

Во моментов има околу 300 овластени енрегетски контолори .Цената за вршење на општа енергетска контрола е 30 ден/m², додека деталната (инвестициска) енергетска контрола – 60 ден/m².

За кого важи одложувањето на енергетскиот пасош

Енергетскиот пасоши при продажба или издавање под закуп на стари објекти се одложува. Овој документ ќе биде непоходен кога Македонија ќе стане членка на Европската унија. Обврската за сертификат за енергетски карактеристики на зграда ќе важи само за новите објекти кои ќе се изградат од сите категории.

Енергетски менаџмент?

За да се одреди енергетската цел на една компанија и таквата мисла да се запише на лист мораме јасно да ја дефинираме моменталната состојба. Најоправдан пристап за анализа на моменталната состојба на компанијата од аспект на потрошувачка на енергија е спроведување на внатрешна енергетска контрола.

Од градежната компанија Жикол тврдат дека денес се повеќе се актуелизираат прашањата поврзани со заштеда на енергија, искористување на природни ресурси, заштита на животната средина, енергетска контрола на објекти и енергетски пасоши.

„Прозорскиот отвор е клучен фактор при создавање енергетски ефикасен објект. Заштеда до 50% на потрошувачката на енергија за греење, ладење и вентилирање, е можен само со правилниот распоред. Засенчувањето на објектите е исто така познат принцип кој често се користел низ историјата за создавање комфорен простор“, вели Панче Костуранов од Жикол.  

Со енергетска ефикасност, Џонсон Мети очекува заштеда од 300 илјади евра годишно

Здравко Андонов од Џонсон Мети, тврди дека сите оддели и вработени во компанијата се вклучени во процесот на енергетска ефикасност.. Пристапот кон заштедите на енергија е различен.

„Завршени се комплексни подобрувања на производните линии, поврзани со енергетската ефикасност. Се работи на многу покомплексни и подолготрајни подобрувања во производниот процес. Инженерите од главни генератори на идеи и проекти станаа подршка на сите проекти за енергетска ефикасност.  Се уште се работат мали едноставни проекти. Обучен е еден инженер за енергетска контрола и еден за енергетски менаџер за подобра подршка на идните проекти“, вели Андонов. Лани додава тој како заеднички проект со ЕВН, беше ангажирана австриската компанија „ALLPLAN“ да направи проверка на нашиот пристап кон енергијата и доколку е можно да иницира дополнителни проекти за заштеда на енергија. Енергетската контрола се изведе во периодот од јуни до октомври. Контролата потврдила дека Џонсон Мети има добар пристап кон енергетскиот менаџмент и заштедите. Со целосната имплементација на овие проекти се проценува дека ќе се заштедат околу 300 илјади евра годишно со поврат на инвестициите од помалку од 2 години. Три проекти се веќе започнати, а останатите се во завршна фаза на преоценка.

Р.Ф

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА