19 Мај, 2024
0.0269

„Епидемијата“ бугарски пасош не запира-младите ни избегаа во Германија!

Објавено во: Економија 03 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Можеби на моменти изгледа дека побарувачката за бугарски пасоши се затиши, сепак теренот вели дека не е така.

Во последните неколку месеци бројките покажуваат дека се повеќе млади од истокот посегнуваат по бугарската патна исправа и со ранчето на грб се упатуваат во европската дестинација број еден-Германија.

Таму за македонци со бугарски пасош е лесно да се најде работа. Според она што што може да се забележи, истокот е речиси испразнет а се помалку од младите се одлучуваат школувањето да не го продолжат на факултет туку да заминат од родното место.

Фактор контактираше со македонци кои лани летото ја напуштија татковината и ги оставија родителите сами.

„Во Делчево за нас нема работа. Нема егзистенција ниту за возрасните а камоли за нас помладите на кои останува оваа земја. Меѓутоа, ние решивме да пробаме во Германија. Пред две години ги земавме бугарските пасоши со моите две сестри и благодарение на другарка која работи во Минхен во Бургер кинг и ние се снајдовме“, раскажуваат нашите соговорници.

Тие дополнуваат дека иако криите во тој германски град се големи, сепак заработувачката е солидна, за разлика од татковината и родниот крај .

„Сите знаеме дека е најдобро кога човек сам си заработи. Ние веќе сме возрасни да бараме финансии од нашите родители. Мора сами да учиме да опстојуваме, и покрај помошта што секој родител му ја дава на своето дете, ние не сакаме нашите родители да не издржуваат. Се снаоѓаме, знаеме јази, брзо се вклопивме во околината, не сме мрзеливи и важно ни е што работодавците не почитуваат и го ценат секој наш труд“, раскажува Сандра од Делчево која во моментов работи во Минхен на рецепција во хотел.

Статистиката на ЕУ ги става македонците трети на листата најбројни по добиени државјанства во Бугарија.

Факт е дека бројот констатнтно расте а источниот регион и градот Делчево и понатаму се рекордери по извадени и поднесени барања. Речиси 70% од жителите на Делчево веќе имаат двојно државјанство, а овде можете да ги најдете и посредниците.

Неофицијалните податоци велат дека 100 до 150.000 македонски граѓани добиле бугарски пасош а на овој чекор се одлучуваат и млади и стари, и студенти и печалбари , невработени и вработени кои својата иднина не ја гледаат во земјава во која признале или не тешко е да се преживее со 200 евра плата.

Се повеќе Македонци посегнуваат по бугарски патни исправи поради солидна животна егзистенција и денар плус за парче леб.

[button color="orange" size="small" link="http://faktor.mk/2016/05/31/bugarskiot-pasosh-spas-za-parche-leb-so-200-evra-plata-ne-se-zhivee-tuku-se-prezhivuva/" target="blank" ]БУГАРСКИОТ ПАСОШ СПАС за парче леб: Со 200 евра плата не се живее туку се преживува …[/button]

Доколку се уште се двоумите како најлесно да стигнете до бугарски пасош ние ви ја откриваме најголемата јавна тајна.

Која е процедурата за вадење на бугарски пасош?

За да започнете процедура за вадење на БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО потребно е  најпрво да закажете термин за прием до  ,,ДРЖАВНАТА АГЕНЦИЈА ЗА БУГАРИТЕ ВО ЧУЖБИНА(ТУЃИНА) на  ФОРМУЛАР (ОБРАЗЕЦ) за издавање на удостоверение за бугарски происход адресиран: ДО ПРЕДСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВНАТА АГЕНЦИЈА ЗА БУГАРИТЕ ВО ЧУЖБИНА (ТУЃИНА), напишан на бугарски јазик (писмо).

Дополнителни документи кои ви се потребни се:

1.Извод од матична книга на родени

2.Копија од Пасош

3.Декларација (ОБРАЗЕЦ) за бугарско самосознание, заверена на нотар во  Република Бугарија

4.Ако поседувате други дополнителни  документи каде вашите роднини биле бугарски граѓани.

5.Слики (за пасош формат)

Откако ќе ги поднесете сите горе наведени документи ДРЖАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ ако се произнесат позитивно на вашето барање во Декларацијата дека имате БУГАРСКО НАЦИОНАЛНО СОЗНАНИЕ, ќе добиете УДОСТОВЕРЕНИЕ од ДРЖАВНАТА АГЕНЦИЈА ЗА БУГАРИТЕ ВО ЧУЖБИНА ДЕКА СТЕ БУГАРСКИ ПРОИЗХОД да ви послужи пред:

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ (ПРАВДА)

Откако ќе добиете позитвен одговор УДОСТОВЕРЕНИЕ од Државната Агенција за Бугарите в Чужбина, преминувате на вадење на неопходните документи и поднесување на молба во МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ (ПРАВДА), ПРИ ДИРЕКЦИЈАТА ЗА БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО

Со МОЛБА(ОБРАЗЕЦ) до  МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА – да ви се уважи БАРАЊЕТО од Господинот Министер, поднесувате и Декларација за придобивање Бугарско Граѓанство (ОБРАЗЕЦ) УДОСТОВЕРЕНИЕ и сите потребни документи неопходни пропишани за добивање за БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО, преведени на бугарски јазик , заверени на официјален  бугарски преведувач во Република Бугарија , Извод од матична книга на родени на барателот, Сведителство за осудуваност од Суд ,потоа Сведителство за Осудуваност од Полицискиот Орган (дека во моментот на вадење на документот нема кривична постапка против лицето), Медицински документ со ХИВ тест Документ за промена на име ако има таков, Кратка Афтобиографија на молителот, Актуелна Фото снимка на молителот (во пасош формат) сите документи се вадат во земјата од која потекнува молителот и преведени на бугарски јазик се предаваат во ДИРЕКЦИЈАТА ЗА БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО, со платена такса.

Бугарски пасош за 600 евра?

Потоа се закажува интервју во МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ пред ДРЖАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО

Потоа следи интервју од ДРЖАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ кое може да биде закажано неколку месеци одапред, каде ви е одреден  термин.

Ќе треба да одговорите на одредени прашања пред ДРЖАВНИОТ ЕКСПЕРТ, во врска со Бугарската Историја да отценат дали ја познавате Бугарската Историја, знамето државно во какви бои е , одредени датуми на Државни Бугарски празници кои се, потоа дали ги знаете Бугарските Дејци, просвителите на бугарската азбука и нормално ќе ве прашаат зошто сакате да станете бугарски граѓанин, потоа ќе чекате одговор по бројот што сте го добиле дали ви одобриле (дале)  БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО со Указ (потпишан од Вицепретседателот на Република Бугарија) каде лесно може да проверите, по неколку месечно чекање на официјалниот сајт на МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ ако ви е позитивно решено, добивата УДОСТОВЕРЕНИЕ дека ви е дадено бугарско граѓанство.!!!

Откако ќе го добиете Бугарското граѓанство и станете граѓанин на Република Бугарија, следи процедура за лични документи, лична карта и пасош.

Добиваш адреса на живеење.

Како и да е кога дојде „нож до коска“ не се бира, иако некои ќе го оправдаат овој чин, некои ќе обвинуваат за „предавници“ – но кога се работи за животна егзистенција луѓето очигледно се подготвени на се!

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа