Ербап жена! Која Македонка за еден ден на берзата заработи 9,2 милиони евра?
Објавено во: Економија 31 Октомври, 2024 07:44
Својата разделба од „Македонијатурист“ поранешната директорка Соња Бибановска ја уновчи со 9,2 милиони евра откако ги продаде своите 11 отсто во најголемата македонска хотелиерска компанија
Соња Бибановска, сега веќе поранешна акционерка во хотелската компанија „Македонијатурист“ заработи 9,2 милиони евра за само еден ден. Бибановска, поранешна директорка и член на Управниот одбор на „Македонијатурист“, сега пензионерка, од вчера не е ниту акционер во „Македонијатурист“. Таа ги продаде сите нејзини акции со право на глас (вкупно 50.953 акции) по цена од 11.070 денари за акција и во еден ден инкасира 9,2 милиони евра од продажбата.
Станува збор за 11 отсто од сите акции со право на глас во најголемата хотелиерска компанија во Македонија. Соња Бибановска досега беше втор најголем поединечен акционер во таа компанија.
Неофицијално дознаваме дека акциите ги купи група која ја сочинуваат три правни лица од земјава кои имаат намера да го зголемат своето учество во акционерската структура на најголемата хотелска компанија во Македонија.
Најголем акционер во таа компанија останува, барем засега, да биде Доне Таневски долгогодишен прв човек алфа и омега во „Македонијатурист“. Таневски сега е претседател на Надзорниот одбор, а неговата ќерка Мирјана Таневска е претседател на Управниот одбор и оперативно ја води компанијата која располага со најмногу хотели во Македонија и сите се во главниот град.
Како продажбата на акциите на Бибановска ќе влијае врз позицијата на Таневски во акционерската структура останува да видиме. Но едно е извесно. Доне Таневски веќе не е алфа и омега во таа компанија затоа што не е нејзин најголем поединечен акционер, барем не е според официјалните достапни податоци на ЦДХВ.
Што најмногу вреди во „Македонијатурист“?
Како што досега повеќе пати сме пишувале „Македонијатурист“ не е само хотелиерска компанија туку и трезор затоа што чува во кеш, акции, удели во фондови и депозити повеќе од 22 милиони евра. Само за првите девет месеци годинава тие вложувања на „Македонијатурист“ и донесоа приноси од камати и дивиденди вредни 1,3 милиони евра. Тука вреди да се издвои големиот стек акции во „Комерцијална банка“ кои ги поседува „Македонијатурист“. Станува збор за околу 4 отсто од сите акции на оваа банка која сега објави добивка невидена за македонски услови и таа изнесува 72 милиони евра.
Р.Ф.foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




