20 Декември, 2025
0.0456

Ердоган го предупреди Путин: Можеме да најдеме гас и без вас

Објавено во: Балкан 08 Октомври, 2015 12:00

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дал јасен сигнал дека односите на неговата земја со Русија не се толку мазни како што рускиот претседател Владимир Путин можеби сака. Ердоган ја предупредил Москва дека Турција може да добива гас не само од Русија и дека може да најде друг инвеститор кој ќе го преземе проектот за изградба на нуклеарната централа „Акјују“, информира турскиот весник „Земан“.

Ердоган дал изјава откако на два пати руските борбени авиони го нарушиле турскиот воздушен простор. Оправдувањето од гледна точка на Москва беше дека тоа се случило за многу краток временски период и поради лошите временски услови.

„Не можеме да ја прифатиме сегашната ситуација. Објаснувањата на Русија за однесувањето на руските воздухопловни сили не е прифатливо“, изјавил Ердоган, кој појаснил дека засега не планира да го разгледа прашањето со Путин.

„Турција е корисник број еден на рускиот природен гас. Ако Москва не загуби, тоа ќе биде сериозен удар за руската економија. Ако е потребно, Турција може да обезбеди гас од многу други извори. А ако „Росатом“ не сака да ја гради нуклеарката „Акјују“, тогаш друг инвеститор ќе дојде и ќе ја изгради“, предупредил турскиот претседател.

Изјавата на Ердоган доаѓа и откако пред два дена извршниот директор на „Газпром“ Алексеј Милер го намалил двојно обемот на „Турски поток“. Потсетуваме дека сé уште нема официјален договор за градба, нема ни јасност кога тој би почнал. „Турски поток“ е алтернативата на „Јужен поток“, кој Владимир Путин го најави од Анкара на почетокот на декември минатата година.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација