Ердоган и се закани на Русија
Објавено во: Балкан 06 Октомври, 2015 15:36
Русија може да изгуби многу ако го уништи „пријателството“ со Турција. Анкара нема да остане трпелива за кршењето на турскиот воздушен простор од руски авиони.
Тоа го предупредил претседателот на турската држава Реџеп Ердоган, цитиран од агенциите.
Потсетуваме во последните неколку дена дека руски авиони вклучени во воздушната операција на Москва во Сирија, два пати го поминаа воздушниот простор на Турција. Анкара, НАТО и голем број други држави остро ги критикуваа акциите на Руската Федерација.
Секоја напад врз Турција значи напад врз НАТО, изјавил тој на заедничката прес-конференција со белгискиот премиер во Брисел.
Познати се нашите позитивни односи со Русија. Но ако Русија изгуби пријател како Турција, со кого соработува во многу области, ќе изгубат многу и Москва треба да е свесна за тоа, појаснил турскиот претседател.
Ердоган истакнал дека НАТО зазеде став против руските нарушувања и верува дека Алијансата ќе продолжи да го прави истото и понатаму.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




