ЕРДОГАН ЈА НАРЕЧЕ ЕВРОВИЗИЈА СРАМНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ - „Добро е што не одиме, таму не можете да сретнете нормална личност“

Објавено во: Балкан 21 Мај, 2024 10:31
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, смета дека Евровизија поттикнува „родова неутрализација“ и го загрозува традиционалното семејство.
Во неодамнешното обраќање, Ердоган ги опиша учесниците на Евровизија како „тројански коњи на перверзијата на општеството“ и оцени дека неговата влада била во право што не испратила свој претставник на натпреварот од 2012 година.
Оваа година победата на Евровизија ја освои швајцарецот Немо, кој со тоа стана првиот небинарен човек кој триумфирал во тоа натпреварување.
„Стана невозможно да се сретне нормална личност на такви настани“, рече Ердоган, чија владејачка Партија на правдата и развојот има корени од исламското движење во Турција и чија влада стана помалку толерантна кон правата на ЛГБТ во последниве години.
Според него, изборот за песна на Евровизија е „срамно натпреварување“ и сега се гледа дека одлуката на Турција да не учествува на него била „точна“, пренесува Гардијан.
Ердоган зборуваше и за популационата политика и оцени дека падот на наталитетот претставува „егзистенцијална закана“ и „катастрофа“ за Турција.
Најновите статистички истражувања покажуваат дека една жена во Турција има во просек по 1,5 деца, а турскиот лидер ги повикува семејствата да имаат најмалку три деца.
Можеби ќе ве интересира
„ОВА Е МОЈОТ ЖИВОТ, СРБИЈА КОЈА ГРАДИ“: Вучиќ го посети градилиштето Експо и покажа како тече градбата (ВИДЕО)

БОЕЊЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ПРЕД РТС: Студентите ги повикуваат граѓаните заедно да ги поминат празниците

КРАЈНО ОПАСЕН ИНЦИДЕНТ – АВИОН СЛЕТАЛ НА АЕРОДРОМОТ ВО ДУБРОВНИК, МУ СЕ ПРИБЛИЖИЛ ДРОН: Загрозена безбедноста на патниците и екипажот

ВУЧИЌ: Небото ќе ми падне на глава од притисокот за одењето во Москва

ВОЕН СОЈУЗ СО КОСОВО, АЛБАНИЈА И ХРВАТСКА: Бугарските власти се огласија по изјавата на косовскиот министер

(ВИДЕО) СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ СТИГНАА ВО СТРАЗБУР: Погледнете како беа пречекани

ПОСЛЕДЕН ПАТ ЈА ВИДЕЛЕ ПРЕД ЗГРАДАТА: Исчезнато девојче од Хрватска e пронајдено во Штутгарт

РАМА Е ГОРД НА АЛБАНИЈА: Отвори ново поглавје во преговорите со ЕУ

ЗАГРЕБЧАНИТЕ ЗЕМААТ ЗА 172 ЕВРА ПОВИСОКА ПЛАТА ОД ПРОСЕЧНИОТ ХРВАТ - аирлија: Стигнаа до 1.564 евра нето
