18 Декември, 2025
0.0699

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2024 23:12

Добивај вести на Viber

Бесиан Ахмети, внукот на Али Ахмети и осомничен за случајот со злоупотреба на концесија за минерални суровини од 1 септември годинава повеќе нема да биде прв секретар во амбасадата на Македонија во Брисел. Вакво решение е донесено со потпис на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски кој му го прекина работниот однос на внукот на Ахмети две години пред напишаното во договорот. Наместо на 1 мај 2026, мандатот како прв секретар на Бесиан Ахмети според донесеното решение му престанува на 1 август годинава, објави МКД.мк.

Внукот на Ахмети е вработен во Министерството за економија и труд со решение на МНР од 26 април 2023 година кога е упатен на работа во амбасадата на Македонија во Брисел со надлежност на земјите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург) на работно место прв секретар за период од 3 години, сметано од 1 мај 2023 година.

Министерот Муцунски донесе решение со кое на Бесиан Ахмети мандатот му завршува на 31 август 2024 година.

Решението е донесено вчера, а против него жалба до Агенцијата за администрација може да се поднесе во рок од 8 дена.

Бесиан Ахмети е внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и брат на попознатиот Дрин Ахмети, а двајцата се осомничени од МВР за злоупотреба на концесија за минерални суровини бидејќи полицијата откри дека не ја плаќале концесијата.

Штетата од злоупотребата е над 1,6 милиони денари односно околу 27 илјади евра.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми