26 Јули, 2024
0.0257

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

Објавено во: Економија 26 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

„Зелениот водород“, добиен со помош на електролиза на вода и електрична енергија од обновливи извори на енергија зазема централно мести во современите стратегии за „зелена“ енергија, напиша на Фејсбук, професорот на техничкиот факултет на Универзитет "Св. Климент Охридски" во Битола.

Тој вели дека во текот на наредниот месец една македонска компанија, стартап за „зелена“ енергија, ќе се претстави пред пошироката јавност со своите активности на ова поле. После 3 години теоретски истражувачки активности, наскоро ќе започнат со експериментална проверка на нивната идеја за зголемување на ефикасноста на процесот на електролиза, што би требало да ја намали потрошувачката на електрична енергија, а со тоа и цената за производство на единица маса водород.

„Врз основа на увид во патентот, накратко можам само да кажам дека се работи за еден уред, којшто се поставува пред самиот електролизер и којшто би требало да ја подготвува водата со помош на специјален процес за олеснување на дисоцијацијата на водата на водород и кислород со помош на електролиза. Во литературата инаку се опишани разни процеси за олеснување, но бидејќи се работи за ново поле на истражувања, резултатите се оскудни и останува големо поле за експериментирање.

Лично сметам дека шансите за успех им се околу 50%, но дека истите не смеат да се отфрлат и би требало сите да се радуваме на евентуалниот успех на тимот, којшто веќе работи во три земји. Всушност, не постои некаква реска граница помеѓу успехот и неуспехот, бидејќи било какво зголемување на ефикасноста на електролизата над 70% би претставувало релативен успех.

Во тимот веруваат дека ќе постигнат ефикасност од преку 90%, што дури звучи премногу добро за да биде вистинито. Доколку со специјален третман на водените молекули навистина се успее во намалувањето на енергетската бариера за дисоцијација на водород и кислород, тогаш при помала потрошувачка на електрична енергија, а со тоа и со помали загуби поради отпори во електролитот, ефикасноста навистина би можела да се зголеми. Но, од друга страна ќе бидат потребни прецизни мерења на енергијата потребна за подготовка на водата, за да се види дали навистина ќе има некаква заштеда од предложениот процес.

Неколку факти за оваа компанија се за пофалба, а пред сé нивната решеност профитите од нивната основна дејност да ги насочат во истражување и развој, наместо да ги потрошат за личен луксуз. Второ, доколку експериментот биде успешен, тие би сакале апаратот да се произведува во Македонија и да се извезува ширум светот. Во таа смисла, македонскиот стартап дури одбил понуда од светска компанија, големо име во светот на електротехниката, да бидат финансирани од нив, со цел идното производство да биде надвор од Македонија.

Иако основната идеја изгледа релативно едноставна, ќе биде потребен голем број на експерименти, за да се дојде до оптималните параметри и финализирање на апаратот. Компанијата веќе работи на комплетирање на апаратурата во една друга земја (на мегаватно ниво!) и се надеваме дека набргу ќе дознаеме за првите резултати.

Се поставува прашањето зошто експериментот нема да се прави во нашата земја, туку во странство. Иако компанијата најмногу би сакала експериментите да се вршат кај нас, поради слабата опременост на нашите универзитети тоа едноставно не е можно. Истовремено, ова го отвора прашањето за слабата заинтересираност на државата за наука, бидејќи досега сé било фрлено на една, губитна карта - неконтролирано отворање безбројни факултети и хиперпродукција на кадар, најчесто со многу слаб квалитет.

Би било многу подобро доколку самата држава, на предлог на професорите и инженерите, би финасирала научни истражувања, со цел истите понатаму да се применат и во стопанството. Да се потсетиме само колку многу ние инженерите сме ги молеле властите за самостојна изградба на реверзибилна хидроцентрала, комбинирана гасна централа, па дури и ветерен парк. За жал, токму тие коишто требало да ги градат овие енергетски објекти, државниот ЕСМ, односно нивните директори нé убедуваа дека ние сме биле неспособни и дека тоа морало да им се препушти на странски приватни компании, кои потоа би профитирале на нашиот пазар.

Понатаму, тука ја согледуваме и незаинтересираноста на официјалната политика, политичките партии, но и средствата за јавно информирање. Секојдневно сме бомбардирани со банални и петпарачки теми, од кои што нема да видиме никаков напредок и развој. Граѓаните се третираат како некаква проста маса, која не е во состојба да разбере ништо посложено од дневна политика, кадровски комбинаторики и извештаи за разни криминали.

Дневната политика незаслужено и неоправдано се поставува на највисокиот пиедестал во општеството. Сé додека се оддалечуваме од економијата и развојот базиран на сопствени сили, никако не може да ни биде подобро. Сé додека на политиката се гледа како на најплатена професија, младите нема да се интересираат ни за наука, ни за техника.

На крајот, на македонскиот стартап за „зелена“ енергија да му посакаме успех во работата и што побргу да дознаеме убави вести.“ напиша тој на фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри

ОД ИДНАТА ГОДИНА ВОВЕДУВААТ ДАНОК НА ПРАЗНИ НЕДВИЖНОСТИ - еве која балканска држава има вакви планови

ОД ИДНАТА ГОДИНА ВОВЕДУВААТ ДАНОК НА ПРАЗНИ НЕДВИЖНОСТИ - еве која балканска држава има вакви планови

Која наша банка може годинава да направи 60 милиони евра профит? Веројатноста е голема, пола работа е завршена!

Која наша банка може годинава да направи 60 милиони евра профит? Веројатноста е голема, пола работа е завршена!

ЕВЕ ЗОШТО НЕ ПРОБАВМЕ ЈАГНЕШКО И КАДЕ ОТИДОА МАКЕДОНСКИТЕ ЈАГНИЊА - се гоштевале Хрватите, „Кланица со ладилник“ извезе за 2,6 милиони евра

ЕВЕ ЗОШТО НЕ ПРОБАВМЕ ЈАГНЕШКО И КАДЕ ОТИДОА МАКЕДОНСКИТЕ ЈАГНИЊА - се гоштевале Хрватите, „Кланица со ладилник“ извезе за 2,6 милиони евра

КУПИВТЕ ФРИЖИДЕР И ВИ СЕ РАСИПА ЗА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ? ЕУ ги подбра производителите, производите ќе мора да траат подолго и да имаат можност за поправка!

КУПИВТЕ ФРИЖИДЕР И ВИ СЕ РАСИПА ЗА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ? ЕУ ги подбра производителите, производите ќе мора да траат подолго и да имаат можност за поправка!