ЕРДОГАН НАРЕДИ: Турција ќе зададе удар на една американска компанија
Објавено во: Економија 06 Октомври, 2018
Турција ќе престане да користи услуги на една американска компанија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им наредил на министрите да престанал да ги користат консултантските услуги на американската фирма Мекинси.
Наредбата дојде откако договорот со таа фирма го критикувале претставниците на опозицијата.
Министерот за финансии Барат Албајрак, кој е зет на Ердоган, минатиот месец изјави дека Турција одлучила да работи со фирмата Мекинси за што побрзо да ја имплементира економската програма.
Претседателот на најголемата опозициска партија, Републиканската народна партија, Кемал Киличдароглу го обвини неделава Ердоган за ангажирањето на американска фирма во време кога односите со Вашингтон се нарушени поради апсењето на американскиот свештеник во Турција и други проблеми.
Стапката на инфлација во Турција во септември скокна на скоро 25 отсто поради падот на вредноста на лирата.
Ердоган кажал дека неговата земја е отворена за инвестиции и поддршка, се додека било кој договор не влијае на нејзиниот суверенитет.