ЕРДОГАН ПРОГЛАСИ ПОБЕДА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ: Во Турција се слави еуфорично за неговиот нов мандат
Објавено во: Свет 28 Мај, 2023 20:20
Актуелниот претседател
на Турција Реџеп Таип Ердоган прогласи победа на претседателските избори во таа
земја.
Обраќајќи им се на граѓаните собрани во Истанбул, Ердоган рече дека им се заблагодарува што му го довериле управувањето со земјата во следните пет години.
Според прелиминарните изборни резултати, врз основа на 98,06 отсто од преброените гласови, Ердоган освоил 52,12 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 47,88 отсто.
Поддржувачите на Ердоган почнаа да се собираат пред претседателската палата во Анкара, каде веќе започна концертот.
Унгарскиот претседател Виктор Орбан му честиташе на турскиот претседател за изборната победа уште пред да биде официјално објавена. Орбан на Твитер напиша „честитки за несомнената победа“, а потоа на турски „честитки, драг претседателе“, заедно со фотографија од него и Ердоган.
На Ердоган му честитаа и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев и емирот на Катар Шеик Тамим бин Хамад Ал Тани.
Во Турција денеска се одржа вториот круг од претседателските избори, а повеќе од 64 милиони граѓани со право на глас избраа меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидатот на Народната алијанса и Кемал Киличдароглу, кандидатот на опозициската Национална алијанса.
Централната изборна комисија на Турција соопшти дека нема нерегуларности, додека излезноста е проценета на 85,07 отсто.
ФОТО: EPA/ERDEM SAHINМожеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




