Ердоган: Во Европа се дојдени само 250 000 бегалци
Објавено во: Балкан 06 Октомври, 2015 10:30
Само 250 000 бегалци пристигнале во Европа. Ова го изјавил турскиот претседател Реџеп Ердоган по разговорите во Брисел со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пренесоа агенциите.
„Прифативме 2,5 милиони бегалци, од кои 300 000 дојдоа од Ирак и 2,2 милиони од Сирија. За нив ние издвоивме 7,8 милијарди долари, но ние никого не испративме во други држави, никого не го дискриминиравме по верски или национален знак. Ние целосно го исполнивме својот хуманитарен долг“, изјави турскиот претседател.
Според пресметките на Еврокомисијата само од почетокот на годината бројот на бегалците во ЕУ надминал 600 000 луѓе.
„Решението на проблемот со бегалците бара создавање на безбедни тампон зони и на зона на забранети летови во областите на Сирија до границата со Турција, каде што ќе бидат безбедни“, посочил уште Ердоган.
Осврнувајќи се на приоритетите на земјата, претседателот изјавил: „Стратешката цел на Турција останува пристапувањето кон ЕУ, воведувањето на безвизен режим ... Не може да се замисли Европа одвоена од Турција“.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




