ЕРВАН ФУЕРЕ: Решението за името не смее да го загрози македонскиот идентитет, но и да не биде на штета на грчкото наследство
Објавено во: Македонија 06 Април, 2018 09:23
Сосема е јасно дека времето за постигнување на договорот меѓу Македонија и Грција околу разликите за името е кратко. Очекуваме во јуни ЕК да ја потврди препорката за почеток на преговори. Ако спорот со името до тогаш не се реши, а сепак дијалогот за името напредува мислам дека е изводливо Грција да прифати Македонија да почне преговори со ЕУ, а паралелно да течат преговорите за спорот за името. Грција во секој момент како членка на ЕУ има моќ да ја блокира Македонија изјави Ерван Фуере, поранешен амбасадор на ЕУ во Македонија за емисијата Фактор магазин на ТВ24.
Според евроамбасадорот, при секои преговори мора да има попуштања од двете страни, тоа не може да биде еднострано. Процесот на посредство на ОН е процес кој го покрива преговорите, и тоа треба да остане така, тоа е неутрален процес во смисла дека медијаторот е тука да ги доближи двете страни, во исто време е јасно дека ЕУ не е неутрална во ова, заради тоа што Грција е членка на ЕУ, така што тежината не е иста, и во тој контекст се надевам дека Грција ја разбира својата одговорност дека треба да покаже на сопствен пример со посегнување кон Македонија дека има одговорност, како земја-членка да најде начин и решение кое ќе изгради доверба во регионот и ќе придонесе за зајакнување на довербата и ќе служи како пример за другите билатерлани спорови.
„Грција има голема одговорност и се надевам дека го разбира тоа и дека ќе одговори реципрочно и дека решението ќе биде со целосно почитување на македонскиот идентитет, јазикот, културата и богатото наследство кое не на штета на наследството на Грција или на некој друг. Многу е важно конечно решението на спорот со името да е такво кое навистина целосно ќе ги почитува правата и идентитетит на обете страни. Би било голема трагедија откако ЕК ги призна големите напори на Владата за спроведените реформи во изминатите месеци. Имајќи во предвид дека идната година се избори во Европскиот парламент и Европската комисија од суштинско значење е напредокот Македонија во текот на оваа година да ги започне преговори со ЕУ“, оцени Ерван Фуере, кој до 2011 година беше амбасадор на ЕУ во Македонија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




