Ново претпријатие „Ски центар Попова Шапка“ пред да оди кај странски инвеститор
Објавено во: Економија 01 Декември, 2022 11:18
АД ЕСМ го одвои имотот на фирмата-ќерка ЕЛЕМ Турс со формирање на две нови претпријатија, од кои едното ќе го носи името Ски центар Попова Шапка Дооел Тетово, кое понатаму ќе треба да биде превземено од стратешкиот инвеститор ТехноАлпин, најавен изминатите денови од Владата.
Второто претпријатие е ЕСМ Молика, под чија сопственост е истоимениот хотел на Пелистер, чија судбина засега не е позната. И на двете претпријатија сопственик е Електрани на Северна Македонија. На Ски центар Попова Шапка за директор е назначен досегашниот прв човек на Елем Турс, Адем Авзиу, додека на ЕСМ Молика ќе биде извесен Миле Вељановски.
Авзиу за „Фактор“ вели дека очекува новоформираното претпријатие да го предаде својот имот на стратешкиот инвеститор до летото следната година, но не преку продажба, туку преку договор за концесионирање.
- Постапката на издвојување од ЕЛЕМ Турс е завршена. Следната фаза е преговарање со стратешкиот инвеститор по сите предлози. На крај, ќе се потпише договор кој потоа ќе треба да биде одобрен од Собранието. Во меѓувреме ќе работи стручниот тим на Владата, а колку што знам, имотот ќе оди на користење кај инвеститорот како концесија, ни изјави Авзиу.
Италијанската компанија „ТехноАлпин“ од Јужен Тирол е заинтересирана за инвестиции во скијачкиот центар Попова Шапка. Понудата на компанијата доби зелено светло и од Владата. „ТехноАлпин“ е најавен од Владата како лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признат експерт за дизајн на скијачки терени и скијачки зони и со 30-годишно искуство, 16 зависни друштва низ светот и 600 вработени.
Се работи за проект тежок 186 милиони евра и истиот вклучува реновирање на постојните капацитети, поставување на систем за правење снег, проширување на постојната скијачка зона со нови објекти и патеки, реновирање и проширување на хотелите, изградба на нови хотелски капацитети, изградба на асфалтни паркиралишта, велосипедски патеки и креирање на други рекреативни активности, со што овој центар ќе доби можност да се вброи во најмодерните европски зимски центри.
Александар Кузмановски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?
(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен
Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува
Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени
Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати
Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце
Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети





