ЕСМ Снабдување со топлина започна со испорака на фактурите за октомври
Објавено во: Економија 30 Ноември, 2022 14:01
Од “ЕСМ Снабдување со топлина” соопштуват дека веќе ги изработиле фактурите за топлинска енергија за месец октомври и во тек е нивна достава.
- Износот на фактурите за топлинска енергија на потрошувачите кои плаќаат на 12 рати ќе бидe ист со оние за август и септември. Во периодот октомври-април кога се испорачува топлинска енергија, цената на ангажираната моќност и испорачаната топлинска енергија за домаќинствата е финансиски подржана од Буџетот преку АД ЕСМ со одлука на Владата, со цел обезбедување на сигурност во снабдувањето со топлинска енергија во услови на постоење на кризна состојба - се истакнува во соопштението.
Од ЕСМ посочуваат дека износот на финансиската поддршка
за секој потрошувач одделно е прикажана во фактурата како поединечна финансиска
поддршка за фиксните и варијабилните трошоци.
- Потрошувачите ќе ги добијат фактурите во следните денови на ист начин на достава како и претходно, односно оние кои ја користеле услугата „е-фактура“ фактурата ќе ја добијат во електронска форма, додека останатите потрошувачи ќе ја добијат фактурaта во хартиена форма. Во врска со начините на плаќање, потрошувачите ќе можат без провизија да ги плаќаат фактурите на наплатните пунктови на ЕСМ Снабдување - се прецизира во соопштението.
Потрошувачите кои имаат склучено договор за наплата на фактурите за топлинска енергија преку траен налог, од матичната банка ќе добијат инструкции за постапување или ќе бидат известени за насочување на уплатата кон новиот снабдувач.
Оние потрошувачи кои плаќаат со налог за плаќање, шалтерски во банка или преку електронско банкарство, во зачуваните шаблони односно ПП налози за плаќање ќе биде потребно да ја проверат и да ја внесат жиро-сметката на ЕСМ Снабдување наведена на фактурите.
- Напоменуваме дека интензивно се подготвуваме потрошувачите да ги имаат сите можности за плаќање како и претходно, како услугата “Брзо плаќање” и “EPAY” услугата за што дополнително ќе ги известиме - се дополнува во нивното соопштение.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




