09 Мај, 2024
0.0239

Есма и Влатко со над 30 интервјуа во Малме

Објавено во: Стил 09 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

На првата официјална проба на  „Пред да се раздени" отпеана вчера  од Лозано и  Есма  доби многу позитивни коментари. Вчера во Малме се одржаа првите аудио технички и сценско визуелни проби на дел од 39-те земји учеснички на Изборот за песна на Евровизија. Благодарение на победата на Лорен од минатата година во Баку, честа да биде домаќин и организатор на 58-то издание на Евросонг, годинава ја има Шведска и градот Малме, кој во евровизиската историја по втор пат се јавува како град домаќин. Нашите претставници во Малме дадоа над 30 интервјуа досега, што говори дека  навистина го привлекуваат вниманието на меѓународните електронски и печатени медиуми кои со особено внимание ја следат Евровизија секоја година. Есма и Лозано заедно со нивните пратечки вокали Нина Јанева и Елеонора Мустафова за Македонија настапуваат под реден број 3 на втората полуфинална вечер на 16 Мај од 58-то издание на Изборот за песна на Евровизија. Музички спектакл Евровизија се одржува од 14-ти до 18-ти мај во Малме, Шведска.