15 Мај, 2024
0.0566

Естонија влегува на македонскиот ИТ пазар

Објавено во: Мои пари 29 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

IT индустријата во Македонија се повеќе и повеќе се движи во нагорна линија. Постојано се отвараат нови компании а повеќето од нив стануваат и многу успешни приказни. Една таква успешна приказна е младата компанија GateOne која на пазарот постои неполни 2 години. Водена од млад менаџмент, со млади, но искусни програмери, GateOne за кратко време успеа да стане брзорастечка компанија, кокуретна на пазарот на совтверската индустрија. Главно работи на странскиот пазар во повеќе држави ширум светот а се потпишува и под неколку проекти во Македонија. 

Овој брзорастечки тренд на компанијата го препозна Естонската групација Uptime, софтверска групација формирана во 1992 година, со седиште во главниот град на Естонија, Талин. Оваа компанија поседува и учествува во работата со компании во неколку земји ширум Европа како, Норвешка, Данска и Швејцарија. Помеѓу овие европски развиени земји, на мапата на групацијата Uptime се појави и македоската GateOne, која се придружи на широкото семејство, под името Uptime Македонија. 

- „Имаме долгогодишна соработка со компании од Македонија и сме задоволни од однесувањето и техничките способности на луѓето таму. Бидејќи наоѓањето на ИТ таленти за меѓународни проекти е сериозен предизвик, канцеларијата во Македонија е одличен потег за нашата групација. Моменталниот политички развој во земјата, зачленувањето во НАТО во блиска иднина и отварањето на преговорите со ЕУ, ќе ја направи Македонија уште поинтересна за овој сектор„ – вели Ееро Тохвер, главен извршен директор на групацијата Uptime. 

Естонија има само 1,3 милиони жители а нивниот БДП во последниве 9 години бележи раст и до 10% годишно. Естонија е дигитална држава чиј приоритет е нула бирократија (Zero Bureaucracy Project) и на годишно ниво заштедува на хартија со висина приближно на Ајфеловата кула.

 - "Со пристапувањето во групацијата на Uptime, добиваме јасна визија за иднината а тоа ќе ни помогне да се развиеме во најдобрата софтверска компанија во Македонија. Среќни сме што започнуваме да работиме под брендот Uptime " – вели Никола Алексовски, извршен директор на GateOne. 

Целта на Uptime Group, лоцирана во Талин, е да биде стратешки партнер за компаниите преку обезбедување бизнис-ориентирани ИТ услуги, како што се развој на софтвер, SharePoint решенија, мобилни и cloud апликации, информации за пребарување и решенија за бизнис анализи и ИТ администрација и услуги за одржување. Uptime е долгогодишен Мајкрософт златен партнер и Партнер на годината во Естонија 2013 и Oracle Silver Partner.

Можеби ќе ве интересира

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?