20 Декември, 2025
0.0632

ЕЦБ не може да го замени недостатокот на делувањето на властите

Објавено во: Свет 05 Април, 2013 10:25

Добивај вести на Viber

Марио Драги, претседателот на Европската централна банка,  изјави дека во зоната на еврото постепеното економско закрепнување се очекува во втората половина од годината. Меѓутоа, како што вели тој, тоа закрепнување е изложено на „ризикот од намалување“. ЕЦБ најави дека ќе ја задржи својата основна каматна стапка на 0,75 проценти, што е историски најниското ниво на кое таа е од јули 2012 година. На месечната конференција за новинари во Франкфурт, Драги изјави дека ЕЦБ проучува разни дополнителни инструменти за поддршка на економскиот раст во еврозоната и покрај ниските каматни стапки. -Економската слабост продолжи во почетокот на годината. Постепеното обновување се очекува во вториот дел од годината, но сепак, постојат ризици од намалување, изјави Драги, додавајќи дека ЕЦБ ќе продолжи со монетарната политика на прилагодување колку што е потребно. На прашањето за можноста на воведување нови неконвенционални мерки, Драги одговори дека се „разгледуваат различни инструменти“. -Мораме интензивно да размислуваме како да пронајдеме нешто што истовремено би било корисно и во согласност со нашиот мандат, изјави тој и додаде дека се земаат во предвид и искуствата од другите земји. Драги повторно ги повика земјите членки на монетарната унија да продолжат со напорите во реформите и обновувањето на буџетот. Кога станува збор за тешкотиите на компаниите да подигнат кредит во земјите во криза, Драги изјави дека „ЕЦБ не може да го замени недостатокот на делувањето на властите“, ниту дека може да го замени „недостатокот на капитал во банкарскиот систем.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја