ЕЦБ сака да го прекине финансирањето на кипарските банки
Објавено во: Свет 20 Март, 2013 12:04
Доколку не биде изработен нов стабилизациски план, Европската централна банка ќе го прекине финансирањето на кипарските банки на 22 март,предупреди австриската министерка за финансии Марија Фектер.
Кипарските банки нема да продолжат со работа во петок, ако нема нов стабилизациски план. ЕЦБ ќе престане да им доставува резерви во рамките на кредитната програма на еврозоната, нагласи австриската министерка.
Министрите за финансии од еврозоната се договорија во петокот со Кипар за долгоочекуваниот кредит за економски спас. Кипар ќе добие околу 10 милијарди евра, сума која е значително пониска од првично бараните 17,5 милијарди евра.
Програмата за финансиска помош вклучува вонреден данок што може да стигне до 9,9 проценти врз банкарските депозити во кипарските банки, кај сметките поголеми од 100.000 евра.
Кипар во јуни минатата година побара финансиска помош од ЕУ и ММФ, за да ги спаси двете најголеми банки од финансиските тешкотии, што беа жртви на грчката криза. Кредиторите, меѓутоа, не беа подготвени на државата да и дадат 17,5 милијарди евра, стравувајќи дека Кипар нема да може да врати толку голема сума и долгот неодржливо ќе се развлече по доделувањето на помошта.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




