ЕУ е убедена дека Македонија и Грција ќе го почитуваат Договорот од Преспа и покрај ветото од Макрон
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2019 14:54
Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич вели дека Европската унија е уверена дека Скопје и Атина ќе продолжат да го почитуваат Договорот од Преспа и покрај тоа што го одложуваат почетокот на разговорите за пристапување во ЕУ со Северна Македонија, пренесе српски Танјуг.
На прашањето на грчките медиуми за Договорот од Преспа, ЕУ силно го поддржува договорот меѓу Северна Македонија и Грција, што, како што рече, е значаен успех и позитивен пример не само за регионот и Европа, туку и пошироко.
„Ние ја поздравуваме храброста и решеноста на обете страни и веруваме дека властите ќе продолжат да го спроведуваат овој договор во дух на доверба“, рече Коцијанчич.
Ваквата реакција доаѓа по изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека Договорот од Преспа бил доведен во прашање заради француско вето за отворање на разговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




