05 Декември, 2025
0.0841

ЕУ и Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ во борба против болестите поврзани со сиромаштијата

Објавено во: Стил 10 Јуни, 2013 13:15

Добивај вести на Viber

Европската унија и Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ на најбогатиот човек на светот, денеска се обврзаа дека ќе работат заедно во борба против ХИВ/СИДА, туберкулозата, маларијата и другите болести поврзани со сиромаштијата кои заедно влијаат на повеќе од една милијарда луѓе ширум светот.

Договорот што денеска е потпишан во Париз од страна на Бил Гејтс и европскиот комесар за истражување, иновации и наука, Мер Гегеган-Квин, создава нов стратешко партнерство за истражување во оваа област.

Како што информираа од Комисијата, ова партнерство ќе инвестира во истражување и развој на интервенции за заштеда на животот и подобрување на здравјето и благосостојбата на луѓето кои живеат во земјите во развој. Во прилог на забрзување на развојот на многу потребните лекови, вакцини и дијагностика, двете организации ќе бараат да се подобри достапноста и одржливоста на патиштата за да се обезбеди овие производи брзо да стигнат до оние на кои најмногу им требаат.

- Нашата цел во оваа нова партнерство е да работиме заедно за да се развие барем еден нов и подобар здравствен производ годишно. Ова ќе претставува голем чекор напред за милиони луѓе кои страдаат од болести поврзани со сиромаштија, истакна комесар Гегеган-Квин.

Милијардерот и филантропист Гејтс, пак, посочи дека со доволно ресурси и политичка заложба, овие две организации заедно ќе може да го подобрат животот на милиони луѓе пред крајот на оваа деценија.

- Фондацијата е целосно посветена во поддршка на напорите за развој на продукти што ќе спасуваат животи и да помогне во решавањето на некои од најтешките проблеми во светот. Партнерство со Комисијата и другите финансиери е од клучно значење за успехот на нашата заедничка мисија, порача Бил Гејтс

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: