ЕУ ќе замрзне сметки на Грците што избегнуваат плаќање данок
Објавено во: Економија 04 Април, 2015
Германскиот заменик-канцелар и министер за економија Зигмар Габриел откри дека има предлог за замрзнување на сметките на Грците во странски банки, ако тие кријат даноци .
Овој предлог тој го претстави во интервју за германскиот весник „Реинише пост“, објавен во електронска верзија на изданието.
„Ние му предложивме на Ципрас да ги паузира сметките на возможни грчки граѓани кои не ги плаќаат даноците. Предлогот е направен, сега финансиските институции во Грција треба да преземат акција“, посочува социјалдемократот.
Според зборовите на заменик-канцеларот ЕУ е подготвена да продолжи со поддршката на Грција, но за таа цел Атина „треба да престане со игрите“ и да ги почитува преземените обврски.